Како пропадна вештачкото месо

January 20, 2023
2 mins read

Итан Браун во 2009 ја основа компанијата Бијонд мит, и од тогаш доста успешно работи на публицитет и добивање грб што од науката и технолошката индустрија, што од финансиски институции. Дури и есенва, додека неговата компанија е во тешки минуси, тој на климатската конференција на Њујорк тајмс објаснува дека исто како што коњската кочија станува непотребна заради напредокот на технологијата, така и неговиот систем за производство на вештачко месо целосно ќе го трансформира начинот на кој луѓето консумираат месо.

Главното ветување на Браун беше дека конечно ќе испорача алтернатива која ќе биде со идентичен вкус на месо, за разлика од дотогашните замени кои не беа ни близу до вкусот. И дека следствено на тоа, месојадите, ќе може да се откажат од плескавиците од месо, да се префрлат на алтернативните и на тој начин да се спаси планетата од загадувањето предизвикано од индустриското сточарство.

Во 2019 Бијонд мит излегува на берза, и е најуспешното излегување на њујоршката берза од финансиската криза во 2008. Три години подоцна, компанијата ја завршува 2022 со 14% пад на продажбата на замрзнато растително месо во супермаркетите, 9% пад во споредба со 2019 на нарачките од ресторани, отпуштање на над 20% од вработените и половина од менаџерскиот тим, и гасење на проекти како оној за вегански хот-дог. Во исто време ниту еден од ланците за брза храна кои потпишаа со Бијонд (КФЦ, Пица хат и Мекдоналдс), немаат ни еден нивен производ перманентно на менито.

Бидејќи не може да го добие за интервју, Блумберг ја повторува тезата на Браун од конференцијата на Тајмс, за тоа зошто индустријата за вештачко месо толку брзо издиша и покрај првичниот успех, кој тогаш ја обвинува индустријата за месо дека „прави се што може за да покаже дека нашиот процес некако не е здрав и дека нашите производи се полни со хемикалии, што не е точно.“

„Која и да е критиката што ја турка месната индустрија, таа е иста со онаа што голем број потрошувачи сами ја сфаќаат.

Бенефитите од овие производи со тек на време бледнеат од загриженоста на потрошувачите за тоа што точно има во нив.

Голем број месојадци кои првично беа возбудени од лажното месо, и не им пречеше што вкусот и текстурата баш не беа идентични, по некое време ја прегледаа листата на состојки и не можеа да сфатат дали овој производ е какво било подобрување.

Дали ова го јадат за да го намалат загадувањето или за да го снижат својот притисок?

Дали ова е поздрава алтернатива или претерано преработен и преполн со натриум супститут?

Растителното месо е поскапо од вистинското, а како што инфлацијата ги креваше цените во супермаркетите, голем број купувачи одлучија да ја заменат скапата имитација за пилешко или во некои случаи за грав и леќа.

Безмесното месо, излезе, многу помалку е монументална иновација отколку што е уште еден тренд чија привлечност исчезнува,“ пишува Дина Шанкер во текстот за Блумберг.

Таа објаснува дека првичните споредби, и надежта, дека растителното месо ќе го постигне успехот на алтернативите на млеко, пропуштаат две битни разлики и предности што ги имаат овие вториве: првата е муштерии кои се нетолерантни на лактоза, и втората е дека примарната употреба на млекото е како состојка, а не главно јадење.

„Голем број пијачи на млеко од соја, бадем или овес, го додаваат во кафе, бидејќи за нив вистинското млеко не е опција. Меѓутоа тие главно не го пијат како шолја млеко,“ пишува Шанкер.

Како што изјавува директорот за комерцијална стока од дистрибутерот за храна Балдор, алт-бургерите продолжуваат да се шират во рестораните главно затоа што тие се трудат да го избегнат „ветото“ од единствениот во друштвото што не јаде месо, објаснувајќи „и онака е замрзнато, само ќе чека во фрижидер“.

Како компанија моментална пазарна вредност на Бијонд мит е околу 1 милијарда долари, што е само делче од пикот кога вредеше над 14 милијарди долари. Како што и големите компании се оладија од идејата за сопствени верзии на вештачко месо, така процените се дека тоа најверојатно ќе остане ниш-категорија која главно ќе ја опслужува публиката која и онака не јадеше месо, без капацитет да им се наметне на месојадите како алтернатива.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Мајка“ вечерва на сцената на Битолски театар

Следно

Бугарија ќе испрати протестна нота до македонското МНР за претепувањето на секретарот на „Цар Борис Трети“

Latest from Blog

„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

ФОТО:x.com/Footballtweet Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето

Во кои европски земји се намали, а во кои се зголеми продажбата на куќи?

Во изминатите две години, бројот на продадени куќи во Хрватска драстично се намалил. Како што објави во понеделник европската статистичка служба Евростат, минатата година продажбата на куќи во ЕУ се зголеми во

Меџити: Чаир се гради со работа, а не со зборови

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека летниот период се користи за забрзување на инфраструктурните проекти и завршување на работите со што помалку пречки за граѓаните. „Летото не е сезона за

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е
Go toTop