„БРАЌА МАНАКИ“ ОТВОРА СО „ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ“ НА ГОРАН СТОЛЕВСКИ, ГОДИНАШНИ ЛАУРЕАТИ СЕ ОСКАРОВЕЦОТ ПИТЕР БИЖУ И ЛАБИНА МИТЕВСКА

August 17, 2023
1 min read

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски ќе го отвори 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола (23-29 септември),  кажа денеска директорот Симеон Мони Дамевски.

„Домаќинство за почетници“ е трет филм на Столевски, а негов прв македонски и ќе има светска премиера во селекцијата Хоризонти на филмскиот фестивал во Венеција кој почнува на 30 август. Столевски, кому ова му е трет филм за две години, е автор на наградуваните „Нема да си сама“ кој беше и австралиски кандидат за Оскар годинава, и на „Доволно возрасни“.

Дамевски соопшти дека оскаровецот Питер Бижу е добитник на Златна камера 300 за животен опус, а претседателот на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) Игор Иванов-Изи кажа дека актерката и продуцентка Лабина Митевска е лауреат на наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм.

Бижу е кинематографер на филмови како: „Мисисипи гори“, „Трумановото шоу“, „Во името на таткото“, „Штета“, „Пинк Флојд: Ѕидот“, „Животот на Брајан“, „Временски бандит“, „Девет и пол недели“, „Ричард Трети“. Бижу, вели Дамевски, има работено со голем број значајни режисери, како Алан Паркер, Тери Гилијам, Питер Вир, Едријан Лајн. За неговата работа на „Мисисипи гори“, Бижу  во 1988 доби Оскар за најдобра кинематографија.

Митевска ја добива наградата за исклучителен придонес во македонската кинематографија, што традиционално секоја година ја доделува Друштвото.

„Оваа награда востановена во 2013 година е замислена како признание за посебна контрибуција кон македонскиот филм и од самиот старт критериумот е подигнат толку високо, што навистина не е лесно да се најде вистински кандидат и достоен лауреат“, рече Иванов-Изи.

Досегашни добитници на наградата на ДФРМ се Кирил Ценевски, филмски режисер и сценарист (2013); Милчо Манчевски, филмски режисер и сценарист (2014); Дарко Марковиќ, карикатурист, сатиричар, филмски режисер (2015); Сајмон Пери, филмски продуцент (2016); „Вардар Филм“, продуцентска компанија (2017); Милица Стојанова, глумица (2018); Љупчо Константинов, композитор (2019); Столе Попов, филмски режисер и сценарист (2020), Северџан Бајрам, актер (2021) и Горјан Тозија, филмски продуцент (2022).

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Се бара оставка од Јовевски – Ковачевски: Не сум го видел вештачењето, а Јовевски е професионалец

Следно

Кулеба: Украинските пилоти од обуката за Ф-16 ќе се вратат со борбени авиони

Latest from Blog

Муцунски – Гоунтанис: потврдена заедничката посветеност за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со заменик-потсекретарот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави, Џон Гоунтанис. Во фокусот на разговорот беа тековните активности поврзани со

Тони не бара чудо, бара шанса: Потребна е итна поддршка за операција на мозок закажана за 29-ти овој месец

Тони Ташев од Велес, роден 1975 година, се соочува со сериозна здравствена состојба и има потреба од итна оперативна интервенција. Од 2018 година тој води борба со Oligodendroglioma frontoparietalis, тумор на мозок, поради

Лансирањето на американските акции на Binance веќе го надминува пазарот на токенизираните акции

Проширувањето на Binance кон американските акции брзо добива на размер и веќе го надминува постојниот пазар на токенизирани акции и по опфат и по трговска активност. Нов пазарен преглед на CoinDesk покажува

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,
Go toTop