Јавниот обвинител Љубомир Јовески треба да биде на располагање во однос на кој било случај, вели Ковачевски

August 17, 2023
1 min read

реклама



Тоа беше најтрагичниот настан во нашата понова историја и вистината треба да ја знаат сите и на вистински начин да се одлучи по однос на кој било предмет, изјави премиерот Димитар Ковачевски за случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово.

На новинарско прашање во врска со утврдувањето на одговорност на јавниот обвинител Љубомир Јовески за текот на постапката за случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, по реакциите во јавноста по објавувањето на документарецот „Убиство во Тетово“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), премиерот изјави оти смета дека јавниот обвинител треба да биде на располагање во однос на кој било случај.

реклама

Во однос на наодите од германските форензичари, тој рече дека дел од документите кои што се однесуваат на спроведената постапка во тоа време, се во надлежност на Министерството за здравство.

  • Сите тие документи се доставени до надлежните истражни и правосудни органи. Постои друг дел на документација која што е нарачана исклучиво од Обвинителството. И тука се однесува и на вештачењето кое што вие го споменавте. Тоа вештачење не е во домен на Владата, јас ги немам видено. Така да, единствен одговор кој што може да даде за во однос на тој документ, се тие кои што го нарачале и што го имаат, рече премиерот.

Преостанатите неплатени модуларни болници за Здравствениот дом Скопје премиерот рече дека може да бидат платени откако ќе завршат сите правосудни постапки.

реклама

  • Претходниот министер за здравство има нарачано ревизија. Таа ревизија е доставена до Владата заедно со документите кои што се однесуваат на неплатените модуларни болници. И сметам дека врз основа на сите тие документи, Владата, сепак таа е колективен орган кој што одлучува колективно, меѓутоа плаќањето на преостанатите ќе може да биде извршено, ова е мој став, кога ќе бидат завршени сите правосудни постапки, појасни тој.

Претходно денеска, Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата побара оставка од функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија на обвинителот Љубомир Јовески. Според денешната изјава на Платформата пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од изведеното во документарецот „Убиство во Тетово”, истрагата на јавното обвинителство за пожарот во модуларната болница во Тетово не е целосна и не ги цени доволно заклучоците изнесени во Службената експертиза на германските експерти.

Во пожарот во тетовската модуларна болница во 2021 година својот живот го загубија 14 лица. Во врска со случајот, Тетовскиот суд изрече условна пресуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Ослободителна пресуда беше донесена за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото „непостапување по здравствени прописи“.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И ТОА СЕ СЛУЧУВА: Судијка во Струмица му судеше на својот сопруг (ФОТО)

Следно

ОН соопштија дека 19 хуманитарни работници загинале во војната во Судан

Latest from Blog

ТЕПАЊЕ СО СТАП ЗА ДИГИТАЛНО И ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Нови правила во училиштата во Сингапур

Учениците кои ги малтретираат другите, вклучително и преку дигитално насилство, ќе се соочат со тепање со стап како „крајна мерка“ според новите насоки воведени во Сингапур. Учениците (момчиња) можат да добијат до

Македонски Телеком и банкарскиот сектор доминираа на денешното берзанско тргување кое заврши со промет од над 28 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 06.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.964,01 поени, со дневен раст од 0,09%, односно 8,89 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00

Почина легендата на Интер, Еваристо Бекалоси

На 69. годишна возраст почина легендарниот играч на тимот на Интер, Еваристо Бекалоси. Неговата здравствена состојба беше проблематична повеќе од една година откако доживеа удар во 2025 година. Тој ја има започнато

Комерцијална банка, НЛБ Банка и Македонски Телеком најтргувани; МБИ10 порасна за 0,09%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 06.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.964,01 поени, со дневен раст од 0,09%, односно 8,89 поени, додека
Go toTop