Гвардиола: Насилството е насекаде бидејќи постои голема разлика меѓу богатите и сиромашните

August 17, 2023
1 min read

Нееднаквостите во општеството и големата разлика меѓу богатите и сиромашните, меѓу оние кои умираат од глад и зголемен холестерол, според тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е причината за насилството, но и расизмот, за кои вели дека не се проблем на фудбалот, туку на општеството, јави дописничката на МИА од Атина.

Гвардиола, во интервју за грчката Cosmote TV кусо пред финалето на Суперкупот, даде свој став околу насилството во фудбалот.

-Виновно е општеството, тоа не фудбалски проблем. Исто како со расизмот, не е проблем на фудбалот. Расизмот е насекаде, насилството е насекаде. Зошто? Бидејќи разликата меѓу богатите и сиромашните е голема и не постои средна класа која би ја балансирала ситуацијата. Во светот нееднаквостите создаваат проблеми. Половина планета страда од глад, другата половина умира поради висок холестерол, потенцираше Гвардиола.

За последните случувања во Грција и убиството на 29-годишниот навивач на АЕК, тренерот на Сити истакна дека тоа се случува и во други земји и „е прашање на култура“, додавајќи дека просветните, но и здравствените работници треба да бидат подобро платени, „а оние кои се на власт крадат и така ситуацијата станува потешка“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинец застрелан од израелската војска во Џенин

Следно

ФОТО: Општина Зелениково постави нови автобуски постојки

Latest from Blog

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што

Македонската берза во нагорна линија: Банкарските акции со значаен раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.814,99 поени. Во однос
Go toTop