Најуспешните извршителки лани со профит од 1 милион евра, им подобри отколку на мажите

August 16, 2023
1 min read

реклама



Извршителите минатата година успеале да наплатат над 145 милиони евра долгови од граѓаните, од фирмите и од државата, пренесува порталот „Пари“. За тоа 98 извршители, колку што ги има во државава, си реализирале чист профит од околу 4 милиони евра. Но, првите 10, со вкупна добивка од околу 1,17 милиони евра, во колачот учествуваат со нешто над 29 проценти, покажува анализата на Пари.

Според списокот на Комората на извршители, бројот на жени и на мажи кои ја работат оваа професија е речиси идентичен – има 48 жени извршителки и 50 мажи извршители. Но, кога се во прашање профитите, жените се поуспешни, па така во првите 10 извршители по добивка, само еден е маж, пренесува „пари.мк“. Деветте најмоќни извршителки минатата година успеале да направат чист профит од речиси 1 милион евра!

реклама

На чело на листата, според годишните извештаи, е скопската извршителка Весна Деловска, која има чиста добивка од 150.000 евра. Воедно, таа има примено најголем број – 8.960 извршни барања во 2022 година, а од нив реализирала само 190, но заедно со примените барања од претходниот период, вкупниот број реализирани извршни барања бил 802.

Следи битолчанката Николина Иванова, со околу 140.000 евра добивка. Таа во периодот од 1 јануари до 31 декември минатата година имала 1.693 барања за извршувања, од нив реализирала 383, а во текот на годината заедно со заостанатите барања, вкупната реализација била 597 предмети.

реклама

На третото место е Премтим Ќерими од Куманово. Профит од 127.000 евра му донела реализацијата на вкупно 517 извршни барања во 2022 година. Инаку, лани тој примил 1.593 извршни барања, а од нив реализирал само 166.

Четврта на листата е Катерина Кокина, која направила профит од 124.000 евра. Таа лани примила 3.587 барања за извршувања, од нив реализирала 819, а заедно со старите барања бројот на завршени предмети во текот на минатата година бил 1.460.

реклама

Петорката се заокружува со Гордана Џутеска од Струга и добивката од 119.000 илјади евра. Таа примила 2.142 брања за извршување, од нив реализирала 395, а вкупниот број реализирани извршни исправи за цела ланска година бил 1.152.

Како што може да се види, има голем расчекор меѓу примените барања за извршување и извршените. Податоците до кои дојде Пари покажуваат дека процентот на реализација на сите примени барања за извршувања е 10,7 %. Но, и со таква реализација, извршителите одлично заработуваат.

ТОП 10 ИЗВРШИТЕЛИ ПО НЕТО-ДОБИВКА ВО 2022 ГОДИНА

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Победата против Динамо Загреб, АЕК ја посвети на убиениот навивач Михалис

Следно

Македонска поезија пишувана од жени во фокусот на 35. издание на „Поетска ноќ во Велестово“

Latest from Blog

Проданоски упати честитка за Илинден: Само сплотени можеме да ги надминеме предизвиците

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката и големиот христијански празник Свети Илија, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба. Проданоски

Борнмут е посилен за Антонио Силва

Во пресрет на новата Премиер лига сезона, тимот на Борнмут се реши да се засили со нво играч од Португалија. Се работи за досегашниот член на тимот на Бенфика, Антонио Силва, кој

Стара Водејнца – вкусот на традицијата во срцето на Јабланица

Во живописното подножје на планината Јабланица, помеѓу селата Октиси и Вевчани, се наоѓа ресторанот „Стара Водејнца“ – вистински гастрономски бисер кој со години ги освојува срцата на домашните и странските посетители. Опкружен

Погоден танкер во Ормускиот теснец

Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ
Go toTop