Захариева: Промената на Уставот на С Македонија не е голема работа, Скопје мора да ги исполни условите

August 16, 2023
2 mins read

Поранешната шефица на бугарската дипломатија и актуелен пратеник во тамошниот парламент од редовите на ГЕРБ, во изјава за БГНЕС вели дека и Софија и Скопје губат од лошите односи и оти е корисно дветe земји да отворат нова страница

Повод за нејзиниот коментар, како што наведува агенцијата, е претстојното гласање во македонскиот парламент за вметнување на Бугарите во Уставот

С Македонија мора да ги спроведе потребните реформи и да ги исполни условите доколу сака да започне преговори за влез во Европската Унија (ЕУ). Ова во изјава за бугарската новинска агенција БГНЕС го вели заменик-претседателката на ГЕРБ, Екатерина Захариева, која е заменик-претседател на комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на источниот сосед, во периодот од 2017 до 2021 година.

Екетарина Захариева – поранешен министер за надворешни работи на Бугарија и актуелен пратеник во бугарскиот парламент од редовите на ГЕРБ / Фото: Архива

Повод за нејзиниот коментар, како што наведува агенцијата, е претстојното гласање во македонскиот парламент за вметнување на Бугарите во Уставот. Ова, се додава во веста, е едно од главните барања утврдени во т.н. „Француски предлог“ што властите во Скопје се согласија да го спроведат пред одржување на втората Меѓувладина конференција меѓу С Македонија и ЕУ, или, како што пишува БГНЕС, пред да започнат „вистинските преговори за членство на земјава во Унијата“.

Според Захариева измените на македонскиот Устав не се голема работа и ги повикува „македонските соседи и пријатели да не се плашат од промените“.

„Измена на Уставот на РСМ не е голема работа. Бугарите се дел од реалноста во РСМ и тоа мора да се прифати“,

вели поранешната шефица на бугарската дипломатија и актуелна пратеничка во 49. Национално собрание на Бугарија.

Таа е категорична дека е корисно двете земји да отворат нова страница во односите.

„И Софија и Скопје губат од лошите односи. Многу е подобро да немаме граници меѓу нас и да се развива бизнисот. Важно е луѓето да можат слободно да се среќаваат и да комуницираат без страв“,

вели Захариева.

За сето ова да се случи, додава таа, С Македонија мора да ги исполни условите од Преговарачката рамка и да прифати дека Бугарите се дел од РСМ.

„Мора да се прекине со дискриминацијата врз Бугарите, како и неодамна зачестените случаи на физичко и вербално насилство. И сето тоа е добро за РСМ и за граѓаните на оваа држава, тие самите да се чувствуваат добро во својата татковина, а не да се иселуваат“,

вели Екатерина Захариева.

Пленарната седница на Собранието на С Македонија е  закажана за 18 август и на неа треба да почне расправата за амандманите за уставните измени. Измените, со кои Бугарите треба да влезат во Преамбулата на Уставот, се услов за одржување на Втората меѓувладина конференција меѓу С Македонија и Европската Унија, во рамките на преговорите за членство во Унијата, што земјава ги почна лани во јули.

За потребата од донесување на уставните измени, како еден од првите чекори за отворање на Уставот, потребно е двотретинско мнозинство, односно гласовите на 80 пратеници, кои владејачкото мнозинство засега ги нема, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ и понатаму цврство останува на ставот дека нема да поддржи „уставни измени под бугарски диктат“.

Предлог-иницијативата на Владата за измени на Уставот на 25 јули го помина првиот собраниски филтер. Комисијата за уставни прашања тогаш со 10 гласа „за“ и седум „против“ го изгласа предлогот за пристапување кон измена на Уставот. Иако, расправата во Комисијата беше предвидено да трае 10 дена, таа заврши за околу два часа, откако членовите на комисиското тело од ВМРО-ДПМНЕ и Левица се повлекоа од понатамошна дискусија.

Со предлог-иницијативата што ја усвои Владата и ја достави до Собранието, се предлага бугарскиот и уште пет други народи да се додадат во Преамбулата од Уставот – хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ.

Покрај ова, предвидена е уште една уставна измена во однос на составот на Комитетот за односи меѓу заедниците со која се предвидува да се измени бројот на членовите и наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 члена, при што 16 члена од редот на пратениците во Собранието – Македонци и Албанци, и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Бугари, Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Признај Британијо, нели си Велика?

Следно

САД: Ги поздравуваме сите чекори на Иран за забавување на неговата нуклеарна програма

Latest from Blog

Ахмети: Пописот беше во рамките на договорите – ВЛЕН обвинува за пазарење со дијаспората

Одговарајќи на обвинувањата на коалицијата ВЛЕН дека за време на пописот на населението во 2021 година, ДУИ прифатила поделба на граѓаните во две категории – резиденти и нерезиденти – лидерот на интегративците,

Кос: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Со порака дека секое евро од шесте милијарди евра предвидени за Западен Балкан зависи од брзината со која земјите ќе ги спроведат реформите, еврокомесарката за проширување Марта Кос ги повика балканските лидери

ЕК: Лидерите од Западниот Балкан ја потврдија решеноста за искористување на можностите на Планот за раст

идерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот

ИХФ потврди – од денеска во сила четири нови правила на ракометната игра!

Ракометот отсекогаш бил замислен како брз, забавен и динамичен спорт, а неговите правила се развиваа низ децениите. Светската ракометна федерација денеска објави за четири нови правила, односно промени во веќе постоечките правила.

Израелскиот премиер следната недела во Вашингтон на средба со Трамп

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес потврди дека следната недела ќе го посети Вашингтон на разговори со американските претставници, јавува Анадолу. „Се очекува следната недела да заминам на средби во
Go toTop