Силни реакции за „Убиство во Тетово“ – Сали: Еден од виновниците за пожарот во модуларната болница е награден

August 15, 2023
1 min read

реклама



Не стивнуваат реакциите во јавноста по објавувањето на документарецот во кој беа обелоденети информации за причината за пожарот во модуларната болница во Тетово во која животот го загубија 14 лица.

Поранешниот министер за здравство Беким Сали вели дека несреќата се случила поради голем број злоупотреби но и фаворизирање на компанијата Брако. Кога беше министер тој побарал ревизија на целиот проект, по што го раскинува договорот со компанијата на Кочо Анѓушев.

реклама

Но тврди дека актуелниот министер Фатмир Меџити сепак продолжил да и исплаќа пари на компанијата Брако. Која е обврската која оваа власт ја има кон Анѓушев и зошто се гази по жртвите од пожарот праша Сали.

„Со постапката која се одвиваше за пожарот на модуларната болница жртвите изгореа по втор пат а виновниците беа наградени. Мојот наследник и покрај препораките на внатрешната ревизија на Министерството за здравство во јули 2023 година преку Владата на Република Северна Македонија иницираше исплата на долгот кон компанијата Брако. Со други зборови еден од главните посочени виновници во емисијата „Убиство во Тетово“ е награден“, вели Беким Сали.

реклама

Ваквите обвинувања ги отфрла министерот Меџити преку соопштение што го објави Министерството за здравство уште вчера по големиот број реакции во јавноста.

„Министерството изготви информација до Влада од каде се чека одговор од неколку институции дали министерството треба да ги исплати трите направени амбуланти од планираните 10 со што би се избегнало плаќање на затезни камати и отштета. Оваа постапка не е завршена и Министерството самоиницијативно нема исплатено ниту денар за модуларните објекти“, велат од МЗ.

реклама

За случајот со модуларната болница се огласи и министерот за правда Кренар Лога.

„Мора да има и ќе има одговорност. Дефинитивно одговорност има и ќе има“, порача Кренар Лога.

За ВМРО-ДПМНЕ зачудува молкот за пропустите на Јавното обвинителство во случајот со модуларната болница во Тетово.

„Срамно е што одговорноста за смртта на 14 луѓе се сведе на две – три периферни лица во системот без прецизно утврдување на вистинска одговорност. До кога Јавното обвинителство ќе трепери пред олигархијата и луѓето од власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера од Јавното обвинителство ги отфрлија наводите во документарецот  на ИРЛ за модуларната болница и велат дека се работи за очигледна неоснована дискредитација и се врши груба манипулација со информации.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прекршочни пријави за Касами и Ганиу: Не ги испочитувале државните симболи при посетата на Курти

Следно

Ал Хилал го промовира Нејмар (ВИДЕО)

Latest from Blog

„Лица“ – изложба на Ангел Коруновски за борбата на поединецот во современото општество

Во изложбениот простор „Мала станица“ во Скопје, утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Лица“ на ликовниот уметник Ангел Коруновски. Станува збор за серија дела што се фокусираат на човекот како

Кејн со секој натпревар урива по некој рекорд, сега го собори оној на Робен

фото: FC Bayern Munchen (X) Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, постигна гол на вчерашниот натпревар против Хајденхајм (4-0) во 15-то коло од Бундеслигата, поставувајќи рекорд во германската лига. Англичанецот со вчерашниот

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го назначи гувернерот на сојузната држава Луизијана, Џеф Ландри, за специјален американски пратеник за Гренланд, голема данска полуавтономна територија за која претходно рече дека САД треба да

СДС и ДУИ создаваа лажна конкуренција на тендери за да можат да перат пари од буџетот

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „СДС и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно владеење, поточно за воспоставување на систем на однапред договорени тендери и контролирана конкуренција. Во 2023 година, преку

Шест начини да го одложите појавувањето на седи влакна што е можно подолго!

Иако генетиката игра најголемо влијание во појавата на седите влакна, стручните лица нагласуваат дека сепак може донекаде да влијаеме на темпото на белеење на косата. Со правилна нега, подобра исхрана и неколку
Go toTop