Османи: Северна Македонија е еден од најдрагоцените соседи на Република Косово

August 15, 2023
2 mins read

ПРИШТИНА (АА) – Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека Северна Македонија е еден од најдрагоцените соседи на Република Косово и е меѓу земјите што ја прифатиле независноста на Косово во најкритичните моменти, јавува Анадолу.

Османи на прес-конференцијата по посетата на Општина Драгаш се осврна и на реакцијата на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендеровски, за посетата на премиерот на Косово, Албин Курти, на Општина Чаир и Тетово.

Таа рече дека на собирите никој од организаторите не проверува што има секој граѓанин во своите раце, алудирајќи на знамињата со етнички албански територии. Османи рече дека тоа не било нешто организирано и затоа смета дека се работи за мало недоразбирање, кое кога постои волја од двете страни, може лесно да се надмине.

„Комуникацијата меѓу нашите граѓани и граѓаните на Северна Македонија отсекогаш била одлична и овие односи напредуваат како на политички така и на економски план“, порача Османи.

„Косовските институции се заинтересирани само за раст на позитивните односи со Северна Македонија“, нагласи косовската претседателка.

Премиерот Курти во петокот присуствуваше на свеченото отворање на улицата именувана по косовскиот активист Адем Демачи во Општина Чаир, а потоа присуствуваше на концерт во Тетово, на покана на градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и на Тетово, Билал Касами, каде што беше пречекан со албански знамиња и други албански национални симболи.

По посетата на косовскиот премиер, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку реакција истакна дека организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна, и знамињата и симболите на заедниците, нагласувајќи дека „истакнувањето провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост“.

По реакцијата на Пендаровски, Курти изјави дека ја смета Северна Македонија за партнер, сојузник и пријател со заеднички цели за интеграција во Европската Унија. Тој додаде дека престојувал во Северна Македонија на покана на градоначалниците на Чаир и Тетово.

– Османи очекува Европската Унија да ги повлече казнените мерки против Косово –

Османи на прес-конференцијата истакна дека очекува партнерите од Европската Унија да ги повлечат казнените мерки против Косово, бидејќи косовските институции го почитуваат договорот постигнат во Братислава за деескалација на ситуацијата на северот од земјата.

Османи рече дека Косово верно го почитува договорот од Братислава и дека веќе постои намалување на полициските сили во согласност со договорот, а се создава правна основа за вонредни избори во четири северни општини со мнозинско српско население.

„Сега очекуваме да бидат преземени чекори од нашите партнери во Европската Унија, бидејќи нивните мерки беа целосно непропорционални на секое незадоволство што го имаа од постапките на Владата на Косово“, изјави претседателката Османи на прес-конференција при посетата на Општината Драгаш.

Османи истакна дека често имала впечаток дека многу земји го третираат Косово како да извршило инвазија на некоја друга земја, иако Косово дејствува на територијата на својата Република, која ја признаа мнозинството земји од Европската Унија.

„Како претседателка на земјата, секако дека секојдневно барам координација со нашите сојузници и партнери, бидејќи безбедносните прашања се колективни, а не индивидуални“, додаде Османи.

Косовската претседателка побара од меѓународната заедница да изврши притисок врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да го прекине негативното влијание врз српските граѓани на северот на Косово. Таа изрази уверување дека српските граѓани сакаат преку петиција да го искористат своето право да ги сменат актуелните албански градоначалници, со цел да се распишат вонредни избори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Исланд, Данска и Ирска се најбезбедните земји во светот, Северна Македонија на 38. место

Следно

ФФМ: Благоја Милевски останува селектор на Македонија

Latest from Blog

Коњановски: Заедничките иницијативи со Пустец носат конкретни придобивки

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА БИТОЛА И ПУСТЕЦ Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски денеска имаа средба со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, кој е во посета на

Коњановски: Инфраструктурата, културата и животната средина се столбови на развојот на Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во интервју за неделникот „Јавност“ истакна дека во изминатиот период градот бележи видлив и конкретен напредок, кој граѓаните директно го чувствуваат во секојдневното живеење. Според него, обновата

Руте во посета на Киев

Првиот заменик-претседател на парламентот, Александар Корниенко, го најави говорот на Руте, истакнувајќи дека неговата посета покажува силна поддршка за Украина и испраќа јасна порака за единство. – Голема чест ми е што

Угостителите побарале пролонгирање на Законот против пушењето, идната недела средба со Дурмиши и Алиу

Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и труд. Како што информира денеска  министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши,

Муцунски од Дубаи: Македонија е клучна точка каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Светскиот самит за влади во Дубаи, каде говореше на панел-дискусијата посветена на новиот логистички поредок. Муцунски ја истакна стратешката позиција
Go toTop