Тренчевска: Протестите на пензионерите не се спонтани, зад нив стои ВМРО-ДПМНЕ

August 15, 2023
3 mins read

„Ако ги погледнеме сите оние (учесници н.з.) низ градовите кај што има протести на пензионерите, ќе ги видиме во иницијативи, во одбори, родители на високи функционери во ДПМНЕ или пак и самите се членови на телата во партијта. Тоа укажува дека не се самоорганизирани, не е спонтана реакција на пензионерите, туку дека зад овие протести стои токму ДПМНЕ се со цел да направат хаос во општеството“, изјави министерката во разговор за утринската програма на МТВ

Таа најави дека денеска ќе има состанок со Сојузот на пензионери, кое, како што посочи, е легитимно тело кое се грижи за 330 000 пензионери и со кое досега биле договорени сите мерки низ дијалог и флексибилност од двете страни. Инаку, на вчерашниот протест пензионерите, меѓудругото, побараа и укинување на Сојузот на пензионери

Според министерката за труд и социјална политика и претседателка на форумот на жени на СДСМ, Јованка Тренчевска протестите на пензионерите не се спонтани и самоорганизирани, туку зад нив стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска / Фото: „360 степени“

Целта, како што вели Тренчевска, е да се направи хаос во општеството.

Овие тврдења таа ги изнесе во разговор за утринската програма на Националната телевизија МТВ, говорејќи за една од најактулените теми деновиве, која директно го засега ресорот со кој раководи.

„Ако ги погледнеме сите оние (учесници н.з.) низ градовите кај што има протести на пензионерите, ќе ги видиме во иницијативи, во одбори, родители на високи функционери во ДПМНЕ или пак и самите се членови на телата во партијта. Тоа укажува дека не се самоорганизирани, не е спонтана реакција на пензионерите, туку дека зад овие протести стои токму ДПМНЕ се со цел да направат хаос во општеството, како што и впрочем години наназад работат да направат хаос во државата“,

рече Тренчевска.

Говорејќи во тој контекст, таа истакна дека со дијалогот во 2022 година веќе е воспоставено системско решение за постојан раст на пензиите. Станува збор за, како што посочи, нова методологија која го следи растот на инфлацијата, на трошоците за живот и растот на просечната плата.

„Тоа е систем којшто значи постојан раст на пензиите два пати во годината, секој март и септември,

рече Тренчевска, додавајќи дека од воспоставувањето на методологијата пензиите се покачени за 24 отсто.

Министерката воедно најави дека денеска ќе има состанок со Сојузот на пензионери, кое, како што посочи, е легитимно тело кое се грижи за 330 000 пензионери и со кое досега биле договоени сите мерки низ дијалог и флексибилност од двете страни.

Таа се наврати и на барањата што вчера ги доставија пензионерите кои излегоа на протестот во Скопје. Двете клучни се линеарно зголемување од 3 500 денари којшто треба да влезат во основицата за сите 330 000 пензионери и минималната пензија да биде 18 000 денари.

Министерката, во контекст на ова ги повтори своите образложенија, кои ги изнесе и вчера, дека барањата на пензинерите кои протестираат се неуставни и неправедни.  

„Прво, се поставува прашањето дали линеарното зголемување е уставна категорија, дали 18 000 минимална пензија е праведно за сите пензионери? Ако имаме предвид дека најголем дел од пензионерите кои во моментот имаат минимална пензија имаат 15, 16, 17 години стаж, а имаме и пензионери кои имаат 30, 40 години стаж кои можеби биле исто така на минимална плата и немаат висока пензија, некаде 20 000 денари. Дали за нив е фер нивниот влог во пензискиот фонд од 40 години да го изедначиме со оној на оние кои имаат 15 години контрибуција во пензискиот фонд“,

вели Тренчевска.

Таа додаде и дека со евентуално зголемување на пензиите за 3 500 денари, фискалните импликации за државата би биле големи. Тоа, според министерката, би довело од преоптоварување на Фондот за пензинско осигурување и во прашање би ја довело стабилноста на целиот пензиски систем.   

„Ако сме популисти, а не сме како Влада, ние веднаш можеме да го направиме тоа, да не водиме сметка за сите 330 000 пензионери, да кажеме да, еве одредена група на пензионери ќе бидат задоволени и после четири месеци ниту еден пензионер да не зема пензија затоа што фондот не може да го издржи ова финансиско оптеретување“,

вели министерката за труд и социјална политика.

Вчера претпладне пензионерите на протест, кој с еодржа во Скопје, побараа усогласување на пензиите согласно објавените податоци од Државниот завод за статистика во ноември 2021 година, линеарно зголемување од 3 500 денари на основицата на пензијата и минималната пензија да биде 18 000 денари, како и веднаш да се укине Сојузот на здруженија на пензионери.

Како што истакнаа на протестот, Сојузот не ги застапува интересите на пензионерите и затоа побараа да се укине членарината од 30 денари, а средствата за солидарен погреб од 150 денари месечно, наместо во Сојузот, да се плаќаат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Изминатиот период, пензионерите протестираа во своите градови изразувајќи незадоволство од процентуалното зголемување на пензиите.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дупката во санкциите се вика „трошоци за испорака“

Следно

Шпанија е прв финалист на СП за жени

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop