Стоилковски: Ако Ковачевски лаже и се крие за промена на име на улица, што можеби сокрива од ветувањата кон Софија?

August 15, 2023
1 min read

Цел ден мина, а Димитар Ковачевски никаде го нема да одговори дали денес се срами што пред две години на Влада гласал за промена на име на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“? Праша на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Ковачевски во налет на сокривање на вистината, не само што не одговара денеска, туку и го осуди преименувањето на „Втора македонска бригада“, за што и сам гласал пред само две години! Легитимни се прашањата дали Ковачевски е до толку неспособен што има куса меморија за своите дела, или е упорен во неуспешни лажења? Имајќи го ова предвид, логични се и прашањата: ако Ковачевски лаже за промена на име на улица, гласал за тоа, а денес глуми револтиран, тогаш што се може да се очекува да исплива од неговите преговори, договори и прифаќања од бугарските диктати во европската рамка, во насока на можни блокади на европската иднина, и неговите денешни убедувања за уставните измени како финален чин? Ако Ковачевски лаже и се крие за промена на име на улица, што можеби сокрива од ветувањата кон Софија? Срамно, жално и недостоинствено е однесувањето на Димитар Ковачевски, но и на СДС, нивната понизност и измеќарство ја втурнаа Македонија во криминал, корупција, и ги ставија македонската посебност, историја и вековен јазик пред големодржавните апетити на соседите, истакна Стоилковски.

Само избори и одговорност се спасот! Додаде Стоилковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Очекувам да се најде човекот кој вееше знаме со голема Албанија, и да се санкционира“, рече Ангелов

Следно

Путин очекува интеграција на пактот АУКУС во НАТО

Latest from Blog

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу
Go toTop