СДСМ: За шест години ја зголемивме просечната пензија за 40%

August 15, 2023
1 min read

реклама



„СДСМ преку ефикасни, одржливи мерки и решенија постојано работи на унапредување на животниот стандард на сите граѓани, а особено на пензионерите.

Ако во 2016 година, просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, а денес таа во 2023 година изнесува 19.106 денари, што е покачување од 40 отсто во време на мандатот на владите предводени од СДСМ.“, стои во соопштението од СДСМ.

реклама

„За постојан и навремен раст на пензиите, заедно со пензионерите донесевме нова методологија со која пензиите се зголемуваат на секои шест месеци.

Со новата методлогија пензиите за само 18 месеци од јануари 2022 до септември оваа 2023 година, ќе се зголемат за 26 отсто, додека за истиот период минималмната пензија ја зголемивме од 9.000 на 12.500 денари.

реклама

Тоа е значително поголем раст на пензиите споредено со годините пред 2016 кога ДПМНЕ надвор од закон, паушално и исклучиво пред избори ги зголемуваше пензиите за незначителен износ.

Покрај растот на пензииите, обезбедивме и дополнителна финансиска помош во најтешките месеци од светската економска криза, претходно обезбедивме и социјална пензија за оние лица кои не ги исполнуваа условите за старосна пензија.

реклама

Нашите највозрасни сограѓани кои ја граделе оваа држава треба да имаат услови за достоинствен живот, а ние како СДСМ токму тоа им го овозможуваме и затоа продолжуваме со вистинска грижа на дело за нашите сограѓани.“, се вели во соопштението на СДСМ.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати во експлозија на бензинска пумпа во руски Дагестан порасна на 27

Следно

Украина: Руската војска изведе ракетни напади на Лавов, Дњепропетровск, Волин и Черкаси

Latest from Blog

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop