(ВИДЕО) Конго-кримска треска: Ветеринари и епидемиолози го проверуваат теренот на Вардар каде што рибарел заразениот велешанец

August 14, 2023
2 mins read

„Пациентот самиот не е свесен, не кажува дека бил каснат од крлеж. Но, има рана којашто може да е од крлеж, иако тој не е свесен дека се случило такво нешто. Има такви случаи“ – вели директорката на Клиниката за инфективни болести, каде што е хоспитализиран 42-годишниот велешанец

Прашана дали може да се зборува за регион жариште, со оглед на тоа што претходно 27-годишна жена од Штипско почина по каснување од крлеж, Стевановиќ побара да биде цитирана онака како што изјавила, не сакајќи да влегува во такви квалификации и оцени

Велешанецот на 42-годишна возраст, кој е третиот потврден случај во земјава на заразен од конго-кримската хеморагична треска, е во добра општа состојба, но следењето продолжува – информира денеска Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести во Скопје, каде што е хоспитализиран пациентот.

Според директорката Стевановиќ, можно е тој да се заразил додека рибарел на Вардар во област со висока и густа трева.

„Пациентот самиот не е свесен, не кажува дека бил каснат од крлеж. Но, има рана којашто може да е од крлеж, иако тој не е свесен дека се случило такво нешто. Има такви случаи“,

вели директорката на Клиниката.

Епидемиолози (од Институтот за јавно здравје) и ветеринари (од Агенцијата за храна и ветеринарство) се на терен, обелодени Стевановиќ, за да заловат инсекти што треба да помогнат во потрагата по одговорот – каде и како се заразил велешанецот. Резултатите од теренските проверки се очекуваат вечерва или утре, по што се најавува заседание и на Комисијата за заразни болести за да се дискутира – зошто по толку години оваа болест повторно се појавува во земјава.

Нова епидемија во регионот?

Првата опишана епидемија на ова заболување во Македонија е во 1971 година, при што заболеле 13 лица со два смртни исхода во едно семејство во тетовското село Чифлик. По оваа епидемија, лабораториски е потврден еден случај во 2010 година. Од соседните земји, болеста е ендемска во Косово, а освен на Балканот ја има и во Африка, на Блискиот Исток и пошироко во Азија.

„И Албанија, ако не се лажам, пријави еден случај на заразен по нашиот прв случај, така што, најверојатно, ќе треба состојбата да се разгледа и следи и на повисоко регионално ниво“,

рече директорката на Клиниката за инфективни болести.

Вирусот се пренесува на човек, пред сè, од крлежи на домашни животни. Преносот од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв, излачевини, органи или други телесни течности на заболените лица. Не постои вакцина за луѓето и животните, а лекувањето е симптоматско. Смртноста достигнува и до 40 %, пишува на официјалната интернет-страница на Институтот за јавно здравје.

Под надзор семејството и здравствени работници

Директорката Стевановиќ информира дека суспектниот пациент е донесен на Клиниката од Општата болница – Велес во саботата навечер. Истата вечер е потврдена и дијагнозата. Претходно, тој пет дена се жалел на покачена температура, главоболка и на мускулно-зглобни болки, поради што и побарал лекарска помош.

„Лабораториските анализи беа со намалени тромбоцити во текот на вчерашниот ден, но дадена е супституција. Ние ова го третираме мултидисциплинарно во консултација со колегите од транфузиологија. Денешните анализи се уредни, но тоа не значи дека нема да имаме тек и развој на болеста, се надеваме поволен, како што беше и кај претходната пациентка“,

рече Стевановиќ.

Кога вели претходната пациентка, Стевановиќ мисли на болничарката од Клиниката за инфективни болести, кај која беше дијагностицирана конго-кримската хеморагична треска откако во оваа устанува се лекуваше 27-годишна жена од Штипско, која почина како последица на болеста.

Прашана дали може да се зборува за регион жариште, Стевановиќ побара да биде цитирана онака како што изјавила, не сакајќи да влегува во такви квалификации и оцени. Рече дека тоа ќе биде работа на ветеринарите и на епидемиолозите.

Инаку, по потврдувањето на заразата кај 42-годишниот велешанец, под медицински надзор се неговото четиричлено семејство и петмина здравствени работници од велешката болници кои биле во контакт со него.

Стевановиќ порача дека превенцијата е најдобар начин да се спречи заразување со конго-кримската хеморагична треска, што за риболовците, ловџиите и планинарите значи носење високи чизми и високо кренати чорапи, а за здравствените работници доследно почитување на редовните протоколи за заштита.

Во однос на вработената од Инфективната клиника која беше инфицирана во текот на својата работа, Стевановиќ посочи дека таа е стабилна и добра, дека опоравувањето е во тек и не очекуваат компликации.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скотски цел живот работи, за други, туѓи батерии

Следно

Јунајтед во септември ќе одлучува за иднината на Гринвуд

Latest from Blog

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните

Божиновска: Имаме добра хидролошка состојба, акумулациите се на 70 проценти

Министерката за енергетика Сања Божиновска соопшти дека домашните акумулации во моментов се исполнети околу 70 проценти, што, како што истакна, овозможува сигурно управување со расположливиот хидропотенцијал и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем.

Реал Мадрид го потврди трансферот на Диоманде

Повеќе нема дилеми дека досегашниот член на Ред Бул, Јан Диоманде се сели во Мадрид, и потпишува за тимот на Реал. Оваа информација ја потврдија и „Кралевите“ со официјално соопштение по повод
Go toTop