Инспекција во Чаир и казни за организаторите на дочекот на Курти, бара претседателот Пендаровски

August 13, 2023
1 min read

Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата. Во таа насока ги повикувам надлежните органи во најкус можен рок да ги завршат пропишаните постапки, реагира шефот на државата

Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост, со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор, како и концептот на Македонија како мултиетничка држава, се вели во реакцијата од претседатлеот на државата Стево Пендаровски, по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти.  

„Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата. Во таа насока ги повикувам надлежните органи во најкус можен рок да ги завршат пропишаните постапки“,

се нагласува во реакцијата од Пендаровски.

Начинот на реализација на идејата за преименувањето на улицата во општината Чаир, се додава во соопштението од кабинетот на Пендаровски, е во спротивност со принципот на демократска дебата и почитување на историското наследство на сите заедници во државата.

„Во таа смисла, очекувам надлежните инспекциски служби да проверат дали при носењето на одлуката е почитуван принципот на двојно мнозинство, кој треба да ги вклучува и гласовите на заедниците кои не се во мнозинство во таа општина“,

стои во реакцијата од претседателот на државата Стево Пендаровски.

И од кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски вчера испратија соопштение во кое ја осудија завчерашната манифестација во Тетово на која се вееше знаме на „голема Албанија“, организирана од тамошниот градоначалник Билал Касами, а на која присуствуваше косовскиот премиер. Од кабинетот на Ковачевски истакнаа дека е недозволиво да се веат знамиња кои не се државни и да не се интонира македонската химна.

Дополнително, иако локалната самоуправа во Северна Македонија има целосна слобода во донесувањето одлуки кои ја засегаат општината, сепак, кабинетот на премиерот Ковачевски посочува дека не се согласува со преименување на улицата која го носи името на херојската „Втора македонска бригада“, беше додадено во соопштението.

Премиерот на Косово, Албин Курти, кој завчера беше во неофицијална посета на земјава, пред да замине во Тетово, присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во Општина Чаир.

Премиерот на Косово, Албин Курти, присуствуваше на преименување на улица во општина Чаир: „Втора македонска бригада“ стана „Адем Демачи“

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Идната финансиска криза ќе биде создадена од вештачката интелигенција

Следно

Украина: 6 загинати, двајца повредени во руско гранатирање во регионот Херсон

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop