Кабинет на премиерот Ковачевски: За осуда е фактот што на настан организиран во Македонија, не е интонирана химната и не е истакнато државното знаме

August 12, 2023
1 min read

реклама



Од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски истакнуваат дека за осуда е фактот што на настанот организиран на територија на Република Северна Македонија, не е интонирана македонската државна химна и не е истакнато македонското државно знаме.

„Посочуваме дека сите држави од регионот кои сакаат истиот да е просперитетен, економски развиен и интегриран во Европската Унија и кои сакаат да градат пријателски односи со своите соседи, треба со сите свои постапки да ги продлабочуваат пријателствата и меѓу државите и меѓу граѓаните, и да инсистираат на почитување пред сѐ на државните одбележја како и на мултикултурните специфичности на секоја од државите од регионот. Република Северна Македонија како функционално мултикултурно и мултиетничко општество е пример за земја која ги почитува различностите и интензивно гради добрососедски односи со сите свои соседи, базирани на почитување и соработка која треба да придонесе кон понатамошен развој и на земјата и на регионот“, појаснуваат од Владата.

реклама

Сепак, како што велат, оваа посета на премиерот на Косово, Албин Курти е приватна посета, и за деталите од поканата, протоколот и организација на посочениот настан медиумите треба да се обратат кај организаторот.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кабинетот на Ковачевски со осуда за вчерашната манифестација во Тетово: Недозволиво е да се веат знамиња кои не се државни и да не се интонира македонската химна

Следно

Кепа Аризабалага ќе биде нов голман на Реал Мадрид

Latest from Blog

Растат тензиите на Блискиот Исток: Иран се заканува со затворање на новите поморски рути по американскиот напад

Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен сè додека САД не ги запрат она што го нарекоа „акти на агресија“ и предупреди дека другите извозни патишта за нафта и

Проданоски: Во Прилеп следува инвестициски циклус тежок 990 милиони денари

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека во изминатите девет месеци локалната самоуправа реализирала значајни активности и обезбедила инвестиции во вредност од 990 милиони денари за капитални проекти. Според Проданоски, преку

Воз опкружен со пожар во Канада, машиновозачот снимен како поминува низ пламен (ВИДЕО)

Снимките од Армстронг, Онтарио, покажуваат товарен воз во пламен, а небото над Монтреал стана жолто во вторник наутро од чадот што се издига од пожарите стотици километри оддалечени во северен Квебек и
Go toTop