Русија: Украина изврши „терористички напад“ на Кримскиот мост

August 12, 2023
1 min read

Русија соопшти дека Украина се обидела да го нападне Кримскиот мост со ракета С-200, додавајќи дека ракетата била откриена и соборена, пренесува Анадолу.

„Денес, режимот во Киев се обиде да изврши терористички напад на Кримскиот мост со ракета за воздушна одбрана С-200, претворена во ударна верзија. Украинската ракета беше навремено откриена и пресретната во воздух од руските системи за противвоздушна одбрана. Немаше штети и повредени“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Шефот на Крим, Сергеј Аксјонов, на Телеграм рече дека се соборени два проектила, повторувајќи ја изјавата на Министерството за одбрана дека нема оштетувања на мостот.

Украинските власти допрва треба да одговорат на тврдењата на Русија, меѓутоа, државната новинска агенција Укринформ сподели фотографија од мостот, на која се гледа силен чад од двете страни, придружена со потсмешлива забелешка: „Би сакале да ги потсетиме напаѓачите дека пушењето му штети на здравјето и интегритетот на диво поставените мостови.“

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во јули изјави дека нападите на руска територија се „неизбежен, природен и апсолутно фер процес“.

Покрај тоа, советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, во петокот изјави дека нападите со беспилотни летала на руска територија ќе станат „почести и поефикасни“.

Кримскиот мост, познат и како мост Керч кога минува низ Керченскиот Теснец, ја поврзува континентална Русија со полуостровот Крим, кој е под нејзина контрола од 2014 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аријанит Хоџа денеска ја основа Европска демократска партија

Следно

Бројни неправилности во Гостивар и Скопје за одгледување на канабис за медицински цели – следуваат кривични пријави и одземања на одобренијата

Latest from Blog

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..
Go toTop