Аријанит Хоџа денеска ја основа Европска демократска партија

August 12, 2023
2 mins read

Викенд на формирање нови политички партии на македонската политичка сцена – Аријанит Хоџа денеска го одржува основачкото собрание на неговата Европска демократска партија, а утре Изет Меџити од „Огнените“ ја формира партијата Демократско движење

Аријанит Хоџа
фото: принтскрин

Европска демократска партија е новата партија на македонската политичка сцена чиј лидер ќе биде доскорешниот заменик-претседател на Движењето Беса, Аријанит Хоџа. Партијата денеска ќе има основачко собрание.

Пред почетокот на настанот, Хоџа изјави дека денеска во Македонија се отвара нова страница на политичко дејствување.

„На политичката сцена отвораме нова страница, страница која ќе придонесе за демократизацијата и имплементирање на европските вредности на политичката сцена. Знаеме дека во моментов може да изгледа апсурдно, дека може да изгледа нереално, но убедени сме дека од овој политички моментум, па се до злучувањата во иднина, ова ќе биде една авангарда односно ќе биде најпозитивната политичка сила која ќе придонесе за иднината на државата и долгорочноста на процесите што нè очекуваат, а особено за интегрирање на земјата во Европската Унија“,

рече Хоџа.

Од основачкото собрание на Европска демократска партија
фото: МИА

Хоџа рече дека новата партија ќе делува конструктивно во Собранието, а првата битка се уставните измени.

„Пред нас првиот чекор односно првата битка е уставните измени. Значи без да има епилог во делот на уставните измени, ние не можеме да кажеме како ќе се одвива политичката сцена. Нормално очекуваме да поминат уставните измени, бидејќи тоа е отворање на вратата за влегување во ЕУ. Доколку не поминуваат, тогаш државата влегува во едно сценарио каде што навистина европската перспектива има потреба од политички сили што треба да се соединат и да не оставаме државата да остане во рацете на политичари што сакаат да ја изолираат“,

изјави тој.

Коментирајќи ја вчерашната посета на косовскиот премиер Албин Курти тој истакна дека државава треба да се дистанцира од Србија поради руското влијание во регионот.

„Македонија треба што подалеку да стои од Србија, односно од руското влијание во регионот. Така да, индиректно е дадена порака и во самата опозиција и луѓето што го пречекаа Курти таму дека треба да бидат внимателни да не работат под диктат на политички структури што индиректно или директно работат за Русија, односно за изолирање на државата и за попречување на патот на државата кон ЕУ“,  

смета Хоџа.

Аријанит Хоџа до неодамна беше заменик-претседател на Движењето БЕСА, но најави дека ќе се повлече од партијата и ќе формира нова откако тројца политичари од албанскиот опозициски кампус – неговиот доскорешен партиски лидер Биљал Касами, Изет Меџити од „Огнените“ и Африм Гаши од Алтернатива соопштија дека создаваат заеднички опозициски фронт.

Како причина за ваквиот чекор Хоџа наведе дека целта на иницијаторите не е политичка промена, туку „перење“ политички фигури кои до неодамна биле актери во одржувањето на актуелната власт во живот.

Утре, на годишнината од Рамковниот договор, Изет Меџити од „Огнените“ заедно со дел од незадоволните кои ја напуштија ДУИ, ќе ја формира партијата Демократско движење.

Кога Меџити на 4 август соопшти дека ги собрал потребните потписи за регистрирање партија на Фејсбук напиша – „Нека ова биде добар почеток на нашето политичко патување“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Човекот кој проба да го хипнотизира целиот Советски сојуз

Следно

Русија: Украина изврши „терористички напад“ на Кримскиот мост

Latest from Blog

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по

Грција: Суспендирани над 10.000 ученици поради употреба на мобилен телефон на настава

Од почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 10.700 ученици, според министерот за образование, религија и спорт на Грција Кирјакос Пиеракакис, јави

Еден месец по смртоносните поплави, Шпанија се обидува да се опорави од големиот степен на уништување

Напорите за опоравување продолжуваат во јужна Шпанија, еден месец по разорните поплави во кои загинаа 230 лица, јавува Анадолу. Во Валенсија, регион најтешко погоден од поплавите на 29 октомври, оштетени беа над

Славески: Советот ја задолжи Арсовска да предложи измени на одлуката за исплата на приватните превозници, но администрацијата ме опструира

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека Советот по петчасовна расправа на итна вонредна седница со мнозинство гласови донесе заклучок со кој се задолжува градоначалникот Данела Арсовска во најкус
Go toTop