ПОЧИНА АКТЕРКАТА КАТИНА ИВАНОВА

August 10, 2023
1 min read

Почина актерката Катина Иванова, која над 4 децении беше дел од Македонскиот народен театар (МНТ). Имаше 72 години. Иванова, велат од МНТ, беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет.

„Катина Иванова беше насмеана и префинета личност, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек“, вели нејзината матична куќа.

Иванова дипломирала на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1978 година. На сцената на МНТ дебитира уште како студентка во претставите „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ и „Славата и смртта на Хоакин Муриета“ (двете во 1976). По дипломирањето, односно од 1979 г., член е на ансамблот на МНТ, каде остварува бројни доминантни улоги во над 45 претстави меѓу кои: Канигунда во „Кандид“ (1980), Дена во „Кршалнига“ (1983), Амелија во „Погрижи се за Амелија“ (1984), Сузана во „Слободни врски“ (1984), Маријана во „Тартиф“ (1986), Мајката на младоженецот во „Малограѓанска свадба“ (1986), Соња во „Црна дупка“ (1988), Арсиное во „Мизантроп“ (1989), Тамарочка во „Валпургиска ноќ или Чекорите на командорот“ (1990), Клер во „Слугинки“ (1993), Ирина во „Лепа Ангелина“ (1995), Гатачката во „Едмонд“ (1997), Катерина Када во „Немушт јазик“ (2000), Македонка во „Балканот не е мртов“ (2001), Госпоѓа Робинсон во „Дипломец“ (2004), Пациент во „Мара/Сад“ (2008), Сопругата во монодрамата „Сребрена свадба“ (2010), Варвара Петровна Ставрогина во „Бесови“ (2011), Ноќта во „Сината птица“ (2014), Прасковја Фјодоровна во „Мајсторот и Маргарита“ (2015), како и последните улоги во „Разговори во четири очи“ (2015), Сесили Робсон во „Квартет“ (2016) и Госпоѓа Пернел во „Тартиф“ (2016).

„Со подеднаква професионална љубопитност и страст настапува и на сцената на други театри низ Македонија, како и во проекти на независни театарски трупи“, вели МНТ.

Снимила десетина филмови и ТВ-серии докажувајќи се како актерка со исклучителен креативен потенцијал меѓу кои се: „Оловна бригада“ (1980), „Хај-фај“ (1987), „Светло сиво“ (1993), „Ангели на отпад“ (1995), „Џипси меџик“ (1997), „Одмазда“ (2001), „Држава на мртвите“ (2002), „Наше маало“ (1999-2004) и „Бунило“ (2009). За своите актерски остварувања, добитник е на Награда за најдобро театарско остварување на Фестивалот „Театарски празници“ (Благоевград, Бугарија) за улогата на Мег во претставата „Роденден“ и Наградата на ревијата „Екран“ за улогата на Ревзија во филмот „Џипси меџик“ (1997).

МНТ вели дека времето и датумот на погребот дополнително ќе бидат објавени.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР со детали за тешката сообраќајка кај Росоман

Следно

Белорусија: Преземени се адекватни мерки за воените активности во Полска и Балтикот

Latest from Blog

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop