Најновата велешка црква „Св Јован Крстител“ за првпат го прославува својот патрон

January 20, 2023
1 min read

Повардарската Епархија денеска, на 20 јануари, на денот на Св.Јован Крстител за првпат го прославува својот патрон на најновата велешка црква „Св Јован Крстител“ во месноста Багремче во најновиот дел на Велес.

По тој повод утрово во 8:15 часот со Света Златоустова Литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреостештенство Митрополитот Повардарски Агатангел.

Во пресрет на празникот синоќа свештеници од оваа црква и Епархијата Повардарска отслужија Вечерна Богослужба и потоа поделија Славски Колач на присутните православни верници кои дојдоа на Богослужбата.

Инаку Црквата „Св Јован Крстител“ беше осветена на 23 октомври минатата година.

Изградбата на црквата „Св Јован Крстител“ заврши во јануари 2020 години, а се градеше четири години и пет месеци, почнувајќи од 30 август 2015 година кога беше осветен камен-темелник.

Новата црква се градеше според архитектонското решение на Благој Здравев архитект од Штип, а техничката изведба ја изврши градежната фирма „Тргоцемент“ од Велес.

За скоро три години со извесни прекини, црквата беше фреско – живописана од двајцата велешки зографи Велко Свеќаров и Гоце Василески.Иконостасот го изработи Љубомир Бисинов.

Во рамки на црковниот комплекс изградена е и камбанарија, на која на 17 септември 2019 година беа поставени три камбани, како и црковно-административни простории, а изграден е и параклис посветен на „Свети Агатангел Битолски“.

Оваа најнова црква во Велес се изгради со средства на Повардарската Епархија како и со доброволни прилози на православните верници.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СЗО: Коронавирусот беснее во Кина, пријавени најголем број хоспитализации од појавата на пандемијата

Следно

ВИДЕО: Поплави во Србија – Вонредна состојба во пет општини, евакуирани 84 луѓе, по двајца се трага

Latest from Blog

Сончево и топло, попладне нестабилно време!

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во

ПСЖ го прдава Џанлуиџи Донарума

Пари Сен Жермен е подготвен да го продаде Џанлуиџи Донарума и веќе ја одреди потребната отштета, интерес покажуваат Реал Мадрид, Баерн и Интер, објавува „Ла Република“. Голманот Донарума е еден од најзаслужните

Атанасов: Одлично ѝ париравме на Белгија

Одигравме реми против големата Белгија, но нашата фудбалска репрезентација може да жали што не дојде и до полн плен против една репрезантација од самиот светски крем.Еден од репрезентативците Јани Атанасов по натпреварот

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност за актуелни функционери

Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски во гостување во вестите на телевизија „Алсат-М“, истакна дека за трагедија во Кочани, која е трагедија од најголеми размери која се случила во државата мора да има

Правдата стигна: Џани Алиоски со гол за најавни шпици (ВИДЕО)

Се отвори небото над Скопје, арената е во ерупција по одличниот натпревар и храбриот меч на македонската фудбалска репрезентација која има фантастични 1:1 со пресилната и далеку фалена Белгија! Прекрасно издание на
Go toTop