Година од смртта на Кирил Дојчиновски, едно од најголемите имиња во историјата на македонскиот фудбал

August 10, 2023
1 min read

Денеска се навршува една година од смртта на Кирил Дојчиновски, еден од најголемите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал, која почина на 78 годишна возраст.

Македонскиот, но и светскиот фудбал пред една година останаа без легендарното име кој во својата играчка и тренерска кариера ќе остане запаметен како еден од најдобрите на овие простори.

Дојчиновски засекогаш ќе остане запаметен во историјата на македонскиот спорт како првиот Македонец кој бил дел од светските фудбалски првенства. Тој беше дел од Мундијалот во 1974 година во Западна Германија, тогаш како фудбалер на белградска Црвена ѕвезда.

Своите фудбалски почетоци ги бележи во Вардар, каде како тренер и ја заврши својата кариера.

Играше за Црвена ѕвезда и француските Троја и Париз. Како тренер работеше во Ел Салвадор, каде што беше и селектор, а ги предводеше и Вардар, Пелистер, Македонија ЃП, Брегалница (Ш), Брегалница (Д) и неколку тима од Ел Салвадор.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајка на патот Прилеп-Градско, сообраќајот во прекин

Следно

Бајден ја потпиша наредбата за ограничување на инвестициите на САД во висока технологија во Кина

Latest from Blog

Селекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам

Фудбалската репрезентација на Парагвај се збогува со Светското првенство откако тесно загуби од Франција со 1:0 во осминафиналето во саботата. Моментот на одлука се случи откако Килијан Мбапе го реализираше пеналот досуден

Берлин ѝ оддава почит на САД; Бранденбуршката порта осветлена во боите на американското знаме

Светлосната проекција започна на зајдисонце и траеше до полноќ. „Како симбол на единство и слобода, Бранденбуршката порта силно ги одразува нашите заеднички вредности на 4 јули“, истакна градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер,

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за
Go toTop