Белград: Средба на Брнабиќ со британскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Пич

August 9, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денес разговараше со специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Вилијам Пич, за унапредување на билатералните односи и за ситуацијата во регионот, пренесува Анадолу.

Брнабиќ нагласи дека Србија е определена за јакнење на соработката со Обединетото Кралство, при што особено го истакна значењето на економската соработка.

Таа укажала на тоа дека трговијата со услуги во текот на 2022 година надминала една милијарда и 300 милиони евра во вкупна вредност, особено нагласувајќи ја важноста од продлабочувањето на соработката во областа на образованието, културата, науката, ИТ-секторот и енергетиката за билатералните односи.

Како што е наведено во соопштението на Владата на Србија, Брнабиќ истакнала дека регионалната соработка е еден од надворешнополитичките приоритети на Србија, на што Србија интензивно работи.

„Кога станува збор за односите со Приштина, таа предочи дека услов за продолжување на процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е исполнувањето на претходно договорените обврски. Премиерката објасни дека тоа е единствен начин за надминување на отворените прашања и постигнување на заемно прифатливо решение, нагласувајќи дека зачувувањето на мирот и стабилноста претставува основен приоритет на Белград“, се наведува во соопштението.

Пич ја изнел определбата на Обединетото Кралство за зачувување на мирот и напредокот на регионот, како и дека Лондон го поддржува Берлинскиот процес и сите други иницијативи што придонесуваат за унапредување на конкретната соработка во регионот, соопшти Владата на Србија.

На состанокот присуствуваше и амбасадорот на Обединетото Кралство во Белград, Едвард Фергусон.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ФИЛМОТ ЗА МАРИЈА КАЛАС НА ЛАРАИН СО АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ЌЕ СЕ СНИМА ЕСЕНВА ВО БУДИМПЕШТА

Следно

Хрватската полиција испратила предупредувачко писмо до грчките колеги, ама никој не го отворил

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop