Пронајдените отпачетоци од убиецот на грчкиот навивач се на грчки државјанин, велат непотврдени информации што ги објавија хрватски медиуми

August 8, 2023
1 min read

Хрватската „НоваТВ“ вечерва објави неофицијални информации според кои грчката полиција пронашла отпечатоци од убиецот на 29-годишниот навивач на грчкиот клуб АЕК и дека тие се на грчки државјанин.

Сомнежите се дека во синоќешните немири во Атина, предизвикани од навивачи на хрватскиот клуб Динамо Загреб, учествувале и навивачи на грчкиот клуб Панатинаикос кои се ривали со АЕК, па можно е убиецот да се бара меѓу нив. Но ова се непотврдени информации.

Инаку, како што јави „НоваТВ“, во текот на целиот ден, грчката полиција апси хрватски навивачи барајќи ги по хотелите и другите сместувачки капацитети во грчкиот главен град.

Грчката полиција привела 19-годишен Хрват осомничен дека учествувал во хаосот во Атина на грчкиот граничен премин Какавија кон Албанија. Наводно, младиот човек се обидел да избега од државата со автобус.

Хрватски навивачи, фанови на Динамо Загреб, кои биле учесници во хулиганскиот судир во Атина, денеска се обиделе да избегаат и преку Македонија. Едно комби возило со седуммина навивачи е сопрено на граничниот премин Евзони кон С Македонија, а во него биле пронајдени палки и ножеви. Навивачите се приведени.

Хрватската „НоваТВ“ претходно објави дека грчката полиција знаела дека во земјата доаѓаат хрватски навивачи. Се одлучила за т.н. дискретна придружба. Со свои возила ги следела навивачите се до Атина. Но таму, во милионскиот град, навивачите на Динамо Загреб, свесни дека ги следат, се разделиле и се упатиле во различни правци, а полицијата се изгубила незнаејќи кого да следи. Потоа, Хрватите се паркирале во некој парк, формирале група и го предизвикале синоќешниот инцидент во кој загина еден грчки навивач, друг се бори за живот, а најмалку уште десет лица беа повредени. Полицијата уапси 96 лица, меѓу кои 82 Хрвати. Потрагата по други учесници во немирите трае цел ден.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медиуми: Баерн не се откажува од Кејн

Следно

Гонсало Рамос позајмен на ПСЖ

Latest from Blog

НАПАД СО НОЖ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ПОЛСКА: Повредени се најмалку осум лица, уапсен е 19-годишен ученик

Според најновите податоци, најмалку седум лица се повредени – од кои две потешко – во напад со нож во училиште во градот Остроленка во централна Полска во средата, објави полската радиостаница RMF.

Македонија со пад од две места на новото рангирање на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од две позиции, па на најновото рангирање на ФИФА е на 71-вото место. Нашите фудбалери забележаа четири порази во Лигата на нации во септемвриско-октомврискиот прозорец и

Димитриеска – Кочоска: Една година по СЕПА, граѓаните и компаниите имаат полесни плаќања во евра

Една година по приклучувањето на Македонија кон СЕПА, граѓаните и компаниите имаат побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа посочува дека приклучувањето кон Единствената европска

Божиновска: Македонија ги отвора вратите за нови енергетски партнерства со Австрија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска престојува во Виена, каде што на покана на Дипломатската академија на Виена учествува во програмата „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен
Go toTop