Село гори, Москва оди на Месечината

August 8, 2023
1 min read

Лансирањето ќе биде од космодромот Восточни, а се верува дека најтешкиот дел од операцијата ќе биде слетувањето на јужниот пол каде теренот е посебно проблематичен. Пред неколку недели ракета со свое возило кон Месечината испрати и Индија, која исто така планира слетување на јужниот пол.

Трката по јужниот пол е бидејќи научниците веруваат дека таму се наоѓаат најголемите залихи на мраз на Месечината кои потоа можат да бидат искористени за гориво, кислород и вода за пиење.

Од Роскосмос тврдат дека нивното вселенско летало за 5 дена ќе стигне до Месечината, по што 5 до 7 дена ќе кружи во орбитата пред да слета на една од трите можни локации во близина на јужниот пол. Од таму објаснуваат дека нивната и индиската мисија нема да си попречат една на друга, бидејќи слетувањето им е планирано во различни области.

Индиското возило е планирано да ја истражува Месечината две недели по слетувањето, додека руското треба да работи цела година.

Тежината на Луна-25 е 1,8 тони, од кои 31 килограм се научна опрема. Возилото ќе ја искористи својата корпа за вадење и собирање на примероци од камен на длабочина од 15 сантиметри, кои потоа ќе се тестираат за да се утврди дали таму има присуство на мраз.

„Месечината е седмиот континент на Земјата, па ние сме едноставно ‘осудени’ како таков да го препитомиме,“ изјавил Лев Зелени од Руската академија на науките.

Лансирањето првично беше закажано за октомври 2021 и во него со своја опрема требаше да учествува и Европската вселенска агенција која ја прекина соработката по почетокот на војната во Украина.

Операцијата ќе започне рано наутро со евакуација на жителите на селото Шахтински на крајниот руски исток во близина на космодромот заради „една во милион“ шанса за време на лансирањето фрагменти од ракетата за паднат во нивна близина. Селото има 26 жители, кои ќе добијат појадок и ќе може од ложа да го гледаат лансирањето.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фантастичната интеракција меѓу Манова и Пикајзен одекна кај присутните, оставајќи потпис со фестивалско наследство

Следно

Поплавите во Словенија направија штети во висина од неколку милијарди евра

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп го добива својот прв меѓународен фолклорен фестивал

Со богата фолклорна програма и учество на ансамбли од повеќе држави, Прилеп го најавува првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“, кој има амбиција да стане нова препознатлива туристичка и културна содржина на

Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ: „Нашата водилка е Евангелието“

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) реагира на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“. Реакцијата на Синодот доаѓа

Евакуација во Германија поради сомнителен експлозивен пакет на железничка станица

Железничката станица во Тројхтлинген, во јужната германска покраина Баварија, и околните згради беа евакуирани во понеделник како мерка на претпазливост откако на шините беше пронајден сомнителен предмет за кој полицијата се сомнева
Go toTop