Отворена Интернационалната ликовна колонија „Дебрца 2023“

August 7, 2023
1 min read

Во селото Белчишта синоќа свечено беше отворена 38. Интернационалната ликовна колонија „Дебрца”, една од најстарите манифестации од тој вид во земјата.

Годинава уметниците Јордан Манасиески од Охрид, Ставре Димитров Стадим, Запро Запров, Војдан Запров и Натали Николоска од Скопје, Андреј Антевски од Куманово, како и Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли од Монголија, Петар Бељашки и Велислава Пожгорска од Бугарија и Светлана Солодова – Русија оваа година ќе творат во чест на основоположникот на Колонијата, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник, Ѓорѓија Целески.

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, во обраќањето на свеченоста на отворањето истакна дека 38–те години творештво покажуваат дека Ликовната колонија „Дебрца” не е обичен културен настан, туку највисок културен дострел на Белчишта , како седиште на Општина Дебрца.

„Основоположниците на колонијата пред 40 тина години можеби и самите не биле свесни дека создале културна рожба која денес е блескаво културно наследство и уметничките дела создадени на Ликовната колонија не се само наследство на Дебрца и Македонија, туку се светско културно наследство“, истакна тој.

Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ има најбогат фонд уметнички дела во земјава, со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот, што претставува непроценливо македонско и светско културно наследство.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

АНА НЕТРЕБКО ЈА ТУЖИ ОПЕРА МЕТРОПОЛИТЕН, ОД КАДЕ БЕШЕ ОТПУШТЕНА ПОРАДИ ПОДДРШКАТА ЗА ПУТИН

Следно

Европските компании имаат 100 милијарди евра минус од бојкотирање на Русија

Latest from Blog

Собраниските комисии дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување

Ведат Муриќи се врати во Фенербахче

Интернационалецот од Косово, 32. годишниот Ведат Муриќи е нов играч на екипата на Фенербахче во трансфер вреден 15.5 милиони евра. Сума која што турскиот гигант ја плати на Мајорка, екипата за која

Трамп: Мораме да го вразумиме Нетанјаху

Опишувајќи го нивниот однос како „добар“, Трамп рече дека може да ги контролира израелските воени активности во Либан затоа што тамошните службеници прават што тој им кажува. Израел инсистира на контрола на
Go toTop