Ковачевски: Нема да има подобар договор, ако ја пропуштиме оваа историска шанса само ќе загубиме нови 10 или 15 години

August 6, 2023
2 mins read

Потребен ни е национален општествен консензус за конечно да ја постигнеме стратешката цел, Северна Македонија да стане членка на ЕУ, вели премиерот Димитар Ковачевски во денешното интервју за МИА.

Во пресрет на собраниската седница за уставни измени тој очекува искрена, квалитетна и плодна парламентарна дебата низ која ќе се разјаснат сите аргументи за да се стаса до натпартиска одлука со која ќе се покаже сериозност и одговорност.

„Едно нешто на сите нас во државата треба да ни биде јасно – нема да има подобар договор, нема да има нов договор, нема да има друга Преговарачка рамка. И ова е единствената вистина, која не ја кажувам јас, не ја вели СДСМ, Владата, тоа е ставот на Европската Унија. Оттука, јасно е дека ако ја пропуштиме оваа историска шанса, оваа силна поддршка на Унијата, на САД, на нашите стратешки партнери, само ќе загубиме нови 10 или 15 години. Нашата татковина нема 15 години за губење, младите немаат децении за губење, граѓаните немаат време за губење. Да ја искористиме оваа шанса, да ја донесеме одлуката со којашто сите потоа ќе се гордееме“,

подвлекува Ковачевски во интервјуто..

Според македонскиот премиер, опозицијата треба да изгради став и да одлучи дали е за интеграција во ЕУ, реално и суштински или за изолација.

„Прво беше ‘асимилација и бугаризација’. Откако се виде дека нема ништо од тоа, сега е ‘бугарски диктат’. Сепак, водејќи се од државниот интерес, на лидерската средба ја понудив оваа опција како можност за опозицијата да ги поддржи уставните измени. Ако опозицијата изгласа уставни измени, ние сме подготвени уште утредента да одиме на избори, и тоа е јасно. Пратениците сега имаат многу поважна работа од терање изборни кампањи и калкулации за министерско, пратеничко или директорско столче. Пратениците сега имаат, би рекол, најважна задача, а тоа е да обезбедат европска иднина и перспектива на земјата на граѓаните кои им го дале мандатот“,

додава тој.

Тој смета дека нема простор за загриженост од нови барања од бугарска страна, теза, која, според него, ја наметнува опозицијата и е манипулативна и има двојна цел.

„Од една страна да ги доведе во заблуда граѓаните, да си поигрува со нивните емоции. Од друга страна да создава алиби за својата неодговорност затоа што немаат аргументи како да ги бранат своите обиди за блокади. Особено сега, кога целата содржина на предложените уставни измени е објавена и достапна, никој нема ниту една забелешка, ниту има нешто против. Прилично јасни се работите, нови условувања за нас не може да има. Јасни беа и пораките од меѓународна заедница дека нема да има нови барања. Исто така, и Бугарија на повеќе наврати го потврди истото. Претседателот на Бугарија, Радев, потпретседателката Јотова, бугарското МНР, сите тие беа многу јасни во изјавите дека нема нови услови, очекувањата се дека ќе се исполнат договорените услови во Преговарачката рамка. Така што нема простор да размислуваме во насока дека влегуваме во вртлог на нови барања. Барањата понатаму ќе се реформи. Процес во кој ние се трансформираме и повторно ќе носиме сериозни и тешки одлуки кои ќе обезбедат подобар живот за граѓаните“,

категоричен е премиерот Ковачевски во интервјуто за МИА.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Немања Матиќ заминува од Рома?

Следно

Нејмар на Инстаграм не е веќе играч на ПСЖ

Latest from Blog

Ахмети: Пописот беше во рамките на договорите – ВЛЕН обвинува за пазарење со дијаспората

Одговарајќи на обвинувањата на коалицијата ВЛЕН дека за време на пописот на населението во 2021 година, ДУИ прифатила поделба на граѓаните во две категории – резиденти и нерезиденти – лидерот на интегративците,

Кос: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Со порака дека секое евро од шесте милијарди евра предвидени за Западен Балкан зависи од брзината со која земјите ќе ги спроведат реформите, еврокомесарката за проширување Марта Кос ги повика балканските лидери

ЕК: Лидерите од Западниот Балкан ја потврдија решеноста за искористување на можностите на Планот за раст

идерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот

ИХФ потврди – од денеска во сила четири нови правила на ракометната игра!

Ракометот отсекогаш бил замислен како брз, забавен и динамичен спорт, а неговите правила се развиваа низ децениите. Светската ракометна федерација денеска објави за четири нови правила, односно промени во веќе постоечките правила.

Израелскиот премиер следната недела во Вашингтон на средба со Трамп

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес потврди дека следната недела ќе го посети Вашингтон на разговори со американските претставници, јавува Анадолу. „Се очекува следната недела да заминам на средби во
Go toTop