ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРА НА „ЕДВАРД ВТОРИ“ НА ОХРИДСКО ЛЕТО, ГЛАВНИОТ ЛИК ГО ИГРААТ ДВАЈЦА АКТЕРИ

August 6, 2023
1 min read

Едвард Втори“ е првата драмска премиера на годинашното Охридско лето, а ќе се изведе вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Оваа копродукција на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и драмскиот театар „Масалтинов“ од Пловдив е работена според дело на Кристофер Марлоу, а режисер е Андриј Жолдак.

Макотрпно работевме цели два месеца низ еден интензивен и многу жесток процес, преку кој стигнуваме до завршен резултат поразличен од сето она што нашиот театар досега го продуцирал“, кажа директорот на Велешкиот театар, Сашо Димоски.

Главниот лик Едвард Втори е поделен на две улоги кои истовремено ги реализираат двајца актери, Илин Јованоски и Бугаринот Борис Крстев. Главната женска улога, која воедно е и перспективата од која се гради целата претстава, ѝ е доделена на Јована Миладинова, која дебитира на театарските штици.

Беше напорно, но ова е едно прекрасно искуство кое нема да го заборавам до крајот на мојот живот. Со режисерот Андриј воспоставивме една многу искрена врска. Тој секогаш ни вели дека најважна е довербата помеѓу актерот и режисерот“, рече Миладинова.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алкараз: Секој навивач на Реал сака Мбапе да дојде во Мадрид

Следно

Холивуд штрајкува, студијата инвестираат во вештачка интелигенција

Latest from Blog

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за

Тоневски: Се реконструира дел од ул. „3-ти Април“ во Пробиштип

Во Пробиштип се изведуваат градежни активности за реконструкција на дел од улицата „3-ти Април“, информира градоначалникот Тони Тоневски. Во оваа фаза се врши отстранување на старите тротоари и оштетените делови од асфалтната
Go toTop