Водниот бран од Словенија се движи накај Хрватска, во опасност е Загреб

August 6, 2023
1 min read

Постои голема опасност реката Сава кај Загреб да се излее од своето корито, предупредуват хрватските власти. Според податоците што ги објавуваат „Хрватски води“, од Словенија се формирал огромен воден бран на реката Сава, кој се очекува во главниот град на Хрватска, во доцните попладневни часови да го подигне нивото на реката на максимум.

Таа веќе се излила од своето корито на повеќе места, а во општината Бродовец е прогласена вонредба состојба и на сила се сериозни мерки за заштита од поплава.

Обилните количества вода кои во текот на вчершаниот ден се акумулирале во сливовите на реките Сава, Драва, и Мура во Австрија и Словенија предизвикуваат натамошен значаен пораст на водостојот и во Хрватска.

Од Управата за хидрометеоролошки работи на Хрватска укажуваат дека состојбата засега е стабилна, но можни се брзи промени ако и натаму продолжат врнежите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ибањез доби понуда од Ал Ахли

Следно

Фриленсерката Александра Дуковска демантира, Гоце Делчев мене ме нападна

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop