Канцерогена супстанца откриена во чипс од Србија, АХВ проверува дали производот е и на македонскиот пазар

August 4, 2023
1 min read

Проблемот бил детектиран на хрватската граница и е соодветно пријавен до Европскиот систем за рано предупредување, по што производот е безбедно уништен. Во меѓувреме, проверки за евентуално присуство на овој производ се вршат и на македонскиот пазар

Високо ниво на канцероген акриламид е откриен во чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија, соопштија од Европската комисија (ЕК). Проблемот бил детектиран на хрватската граница и е соодветно пријавен до Европскиот систем за рано предупредување, по што производот е безбедно уништен.

Илустративна фотографија: Unsplash

По оваа информација, од српското Мистерство за земјоделство соопштија дека во тек е вонредна контрола во погоните за производство на спорниот производ. Оттаму најавија дека по добиените резултати од анализите ќе бидат објавени подетални информации и мерки што ќе ги преземе земјоделската инспекција.

АХВ проверува дали канцерогениот чипс е на македонскиот пазар

Проверки за евентуално присуство на канцерогениот чипс се вршат и на македонскиот пазар, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Ако се потврди дека го има и на нашиот пазар, производот ќе биде повлечен.

„Во Системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ сѐ уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе проверуваме“,

истакна Бабовски.

Акриламидот е супстанца која главно се формира при преработка на храна на температури над 120 степени, како и при ниска влажност, што значи печење, пржење и други форми на подготовка. Најчесто се наоѓа во леб, помфрит, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и кафе.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белата куќа како уредник на Фејсбук 2

Следно

Во Лондон сè поголем бројот на бездомници

Latest from Blog

Ирански напади врз Кувајт и ОАЕ

Армијата на Кувајт соопшти дека пресретнала и уништила 31 дрон, а нападите предизвикаа значителна штета на нафтените и енергетските постројки, како и на постројките за десалинизација на вода. И ОАЕ соопштија дека

Активна сесија на Берзата денес: Вкупен промет од 59,27 милиони денари КБ, НЛБ и Макпетрол во фокус – ОМБ без промена

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 8 април 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,19% и заврши на 10.074,34 поени,
Go toTop