Канада воведува задолжителни здравствени предупредувања на секоја цигара

August 2, 2023
1 min read

ТРЕНТОН (АА) – Канада планира да воведе задолжително предупредување на секоја цигара откако стана прва земја во светот во 2001 година што воведе задолжително предупредување за здравјето на кутиите цигари, јавува Анадолу.

Надлежните служби на Канада најавија дека од следната година ќе започнат нова кампања со цел да се намали потрошувачката на цигари.

Кампањата вклучува и воведување задолжително втиснување на предупредувања за штетноста по здравјето на секоја поединечна цигара.

„Тутунот им штети на децата“ и „Пушењето им штети на вашите органи“ се дел од предупредувачките пораки што пушачите ќе ги видат на секоја купена цигара во Канада.

Така, Канада ќе стане прва земја во светот што става предупредувања на цигарите, а во 2001 година беше и пионер во воведувањето на такво предупредување на кутиите цигари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција почна со евакуација на свои и на државјани на други земји од Нигер, првиот авион слета во Париз

Следно

Ќе го разбудат ли синдикалецот во Тејлор Свифт?

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop