Зеленски: Вчерашниот беше моќен ден за украинската војска на фронтот

July 31, 2023
2 mins read

Од друга страна, пак, руската армија соопшти дека ги запрела украинските сили во борбите на североистокот

Во врска со нападите со дронови на Москва, Украина директно не ја презеде одговорноста, но претседателот на земјата, Зеленски рече дека војната постепно се враќа на територијата на Русија – во нејзините центри, симболи на моќ

Висок украински функционер денеска објави за тешки борби што вчера се воделе во североисточлниот дел на земјата, а во кои силите на Киев успаелe да ги задржат своите позиции, јавуваат агенциите, пренесува Гардијан. Во некои области, како што се наведува, украинските сили успаеле и да напредуваат.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски / Фото: Архива

Од друга страна, пак, руската армија соопшти дека ги запрела украинските сили во борбите на североистокот. Војската на Русија, исто така, тврди дека соборила три украински беспилотни летала чија цел бил главниот град на земјата, Москва. Во случајот, според руските власти, кои за нападот ја обивнија Украина, била оштетена висококатница во која биле сместени владини канцеларии.

Украинскиот претседател, како што пренесува Гардијан, го опишал вчерашниот, како „добар ден, моќен ден“ на фронтот, особено во близина на Бахмут, кадешто украинските сили велат дека ја враќаат територијата што ја изгубиле, откако руските сили го зазедоа градот во мај.

Во врска со нападите со дронови, Украина директно не ја презеде одговорноста, но претседателот на земјата, Зеленски рече дека војната постепно се враќа на територијата на Русија – во нејзините симболични центри.

Во серијата воздушни напади што руските сили го извршиле во текот на ноќта, погодувајќи, како што изјавија официјални лица, „нестанбена зграда“ во североисточниот град Харков. При нападот бил предизвикан пожар, но нема извештаи за жртви.

Во своето обраќање, украинскиот претседател, пак, соопшти дека бројот на загинати од рускиот напад врз училиште во градот Суми, на североистокот на земјата, се искачил на две лица, откако спасувачките тимови ги расчистиле урнатините на локацијата.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар рече дека руските сили „се обидуваат да ги избркаат“ силите на Украина од позициите на североистокот што Москва ги зазеде по инвазијата во февруари 2022 година, но подоцна беа вратени од украинските трупи.

Клучната задача на Русите, изјави таа за националната телевизија, е „да ги пренасочат нашите сили од областа Бахмут, каде што спроведуваме успешна офанзива“.

„Тие напаѓаа бескрајно оваа недела. Но, нашите трупи се спротивставуваат на нападите и понекогаш одвратат со големи загуби“, ја цитира Гардијан,

изјавата на Малиар.

Украина започна контраофанзива минатиот месец, фокусирајќи ја воената кампања на југ за да се разбијат руските сили кои држат територија на исток и на анектираниот полуостров Крим, како и да се зацврстат позициите околу Бахмут.

Сепак, во меѓувреме жестоки борби се разгореа и околу градовите Купјанск и Лиман во североисточна Украина.

Малиар додаде дека руските сили, исто така, „постојано се обидуваат да ги вратат“ областите на јужниот фронт што беа заземени од Украина.

Украина, рече таа, врати 200 квадратни километри на југ, но напредокот е ограничен од добро позиционирани руски позиции и мински полиња.

Руското Министерство за одбрана, во својот дневен извештај за воената активност, рече дека нивните сили распоредиле проектили за да уништат оклопна бригада на украински војници во близина на Сватов, клучен град на североистокот под контрола на Русија.

Руските сили, наводно, одбиле четири украински напади во близина на градот Лиман.

Извештаите од бојното поле, како што се наведува во медиумските извештаи, засега не можат да бидат независно проверени.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Францускиот министер за финансии: Прекинувањето на сите економски врски со Кина е илузија

Следно

Португалија ко да се пишмани околу декриминализацијата на сите дроги

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop