Најмалку пет лица загинаа при немири во палестински камп во Либан

July 30, 2023
1 min read

Најмалку пет лица се убиени, а седум ранети во палестинскиот бегалски камп Ајн ел Хилве во Либан. Судирите избувнале кога непознат вооружен маж се обидел да го убие исламскиот екстремист Махмуд Калил, а наместо тоа, го убил својот колега војник

Кампот Ајн ел Хилве е познат по своето беззаконие и конфликтите не се невообичаени. Во кампот живеат околу 55 000 луѓе, а бил формиран во 1948 година за Палестинците кои биле раселени од израелските сили за време на формирањето на Израел

Фото архива: EPA-EFE/STR

Во судир во најголемиот палестински бегалски камп во Либан, во близина на пристаништето Сидон на југот на земјата, денеска се убиени најмалку пет лица, а седум се ранети, објавија палестинските власти.

Судирите избувнаа, како што изјави анонимен палестински функционер за АП, кога непознат вооружен маж се обидел да го убие исламскиот екстремист Махмуд Калил, а наместо тоа го убил својот колега војник, пренесува Бета.

Подоцна, исламските екстремисти убија палестински генерал од организацијата Фатах и ​​тројца негови следбеници, изјави друг палестински функционер.

Се пукало од автоматски пушки и се користеле ракетни гранати во густо населениот камп Ајн ел Хилве, додека возилата на Брзата помош се пробивале низ тесните улички за да ги пренесат ранетите во болница.

Палестинските фракции во кампот со години се борат против исламистичките групи и бегалците кои бараат засолниште таму.

Во 2017 година, жесток конфликт меѓу палестинските фракции и екстремистичка организација поврзана со „Исламската држава“ траеше речиси една недела.

Либанската новинска агенција денеска објави дека меѓу ранетите има и две деца.

Судирите утрово престанаа неколку часа, но државните медиуми објавија дека спорадичен снајперски оган сè уште трае.

Подоцна повторно почнале судири по атентатот на палестинскиот генерал и неговите придружници.

Либанската армија соопшти дека една граната паднала врз воени бараки надвор од кампот и дека еден војник е ранет.

Ајн ел Хилве е познат по своето беззаконие и конфликтите не се невообичаени.

Според податоците на ОН, во тој камп живеат околу 55 000 луѓе, а бил формиран во 1948 година за Палестинците кои биле раселени од израелските сили за време на формирањето на Израел.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франк Дупре – музичар со бескраен хоризонт

Следно

Баерн Минхен не се откажува од Хари Кејн

Latest from Blog

БИОМЕТРИЈАТА НА ЕУ СОЗДАДЕ ПОВЕЌЕ ПРОБЛЕМИ ОД КОРИСТ – Осум држави бараат од Брисл летното олабавување на биометриските проверки да продолжи и по 6 септември

Биометрискиот систем на ЕУ предизвикува сериозни гужви и повеќечасовни чекања на границите, па дел од аеродромите привремено ги суспендираат проверките кога ќе бидат преоптоварени со патници. Поради проблемите во шпицот на летната

Демонтирана е подната фонтана каде пропаѓаа возила – пластичните држачи ќе се заменат со иноксни профили

Постојната носечка потконструкција, која беше изработена од пластични носачи што ги поддржуваа бетонските плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција изработена од иноксни профили, проектирани

Некогаш една од најубавите плажи во Преспа, денес запуштена: Мештаните сами го чистат Стење

Плажата во Стење некогаш важеше за едно од најубавите и најпосетуваните места на Преспанското Езеро. Во 2015 година таа беше уредена со песок и дополнителни содржини, а потоа привлече голем број домашни

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните
Go toTop