Љуљзим Баша повторно лидер на албанските опозициски демократи

July 30, 2023
1 min read

Најголемата албанска опозициска Демократска партија на вчерашното гласање по принципот „еден член, еден глас“ за лидер на Партијата го избра Љуљзим Баша.

Тој освои 16.196 наспроти неговиот против кандидат Ѓерѓ Хани кој освои 1657 гласови.

Баша (49) оставка од функцијата поднесе во септември пред две години, по големите недоразбирања со историскиот лидер на демократите Сали Бериша, кого на оваа функција Баша го наследи во 2013 година.

Во претходните влади на Бериша тој беше шеф на дипломатијата и министер за транспорт.

-Демократската партија не сопственост на ниту еден поединец, туку заедничка инвестиција на демократите, кои ја заштитуваа во тешките денови и по секој предизвик успеаја да ја направат уште посилна. Убеден сум дека тоа ќе се повтори, бидејќи тоа го очекуваат повеќето Албанци од нас, рече Баша.

Оцени дека она што е битно за денес и иднината на ДП е непоколебливиот став за националниот интерес и евроатлантските стандарди на демократијата, еднаквоста пред законот и фер конкуренција во политиката, економијата и секаде.

Демократската партија ја преживува најдлабоката криза. Фракцијата на Бериша „За обнова на ДП“ е многу побројна, таа насилно го зазеде партиското седиште, но судот за лидер го призна Баша кој потоа го ополномошти генералниот секретар Газменд Барди, кој го поседува и печатот на партијата.

Соопштувајќи резултатите претседателот на изборната комисија Јемин Ѓана синоќа рече дека на списокот за гласање биле 25 илјади членови, при што гласале 18.052 или 71 отсто од нив. Неважечки биле 199 гласачки ливчиња.

Членството на ДП претходно броеше 75 илјади, што значи дека поголемиот број членови се во фракцијата на Бериша.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Спречен обидот на Украина да ја нападне Москва со дронови

Следно

ПРОПАЃА КИНОТО „МИЛЕНИУМ“ ВО ГТЦ, ГРАД СКОПЈЕ СЕДУМ МЕСЕЦИ ГО ИГНОРИРА БАРАЊЕТО ЗА НОВ ПРОЕКТОР ОТИ СТАРИОТ ВЕЌЕ НЕ СЕ НИ ПОПРАВА

Latest from Blog

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the

Чартерот за дома откажан, Уругвај си замина од Мундијалот со комерцијални летови

Репрезентацијата на Уругвај шокирачки е елиминирана уште во групната фаза од Мундијалот. Јавноста во оваа земја не може да поверува што се случи, затоа што Уругвај беше рангиран како еден од скриените

Истрага на WSJ: Иран направи голема штета на клучната поморска база на САД (ВИДЕО)

Овој развој доаѓа откако иранските ракетни и беспилотни летала предизвикаа многу поголема штета отколку што јавно призна Пентагон. Истрагата, заснована на сателитски снимки, видеа на социјалните медиуми и официјални документи на Министерството
Go toTop