Белград: Србите вечерва по 13. пат излегоа на масовен протест „Србија против насилството“

July 29, 2023
1 min read

Организаторите во пресрет на протестот рекоа дека се свесни оти поради сезоната на одмори на овој протест нема да има толку луѓе како на минатите, но сакаат да го „одржат пламенот“ до крајот на август кога сметаат дека демонстрациите повторно ќе станат масовни

По масовните убиства во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и во Младеновац, во Белград вечерва се одржа 13. по ред протест под слоганот „Србија против насилството“.

Поради топлото време, собирот започна после 20 часот пред зградата на српскиот парламент од каде демонстрантите тргнаа на марш и околу 21 часот стигнаа до Републичкото јавно обвинителство.

Обвинителството беше избрано за крајна дестинација на вечерашниот протест бидејќи организаторите и дел од јавноста е револтиран што врховната јавна обвинителка Загорка Доловац сите изминати години молчеше за клучните афери на власта на Александар Вучиќ.

Организаторите во пресрет на протестот рекоа дека се свесни оти поради сезоната на одмори на овој протест нема да има толку луѓе како на минатите, но сакаат да го „одржат пламенот“ до крајот на август кога сметаат дека демонстрациите повторно ќе станат масовни.

Денеска присутните, на маршот кон обвинителството, поминаа и покрај зградата на Владата каде скандираа „Нè има доволно“.

Покрај во Белград, вечерва протест се одржа и во Краљево, а синоќа демонстранти маршираа и во Нови Сад, Јагодина, Богатиќ, Крагуевац и Врање, додека во Ниш наместо прошетка се одржа перформанс пред градското собрание.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајката на 29-годишниот прободен навивач од Бугарија раскажа што се случило – „Ѓаволчето е живо, можеше и полошо“

Следно

Двајца загинати во руски ракетен напад во Запорожје

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите
Go toTop