Уапсени 21 навивач за инциденти пред и за време на натпреварот Шкупи- Левски

July 28, 2023
1 min read

Полицијата товари 2 навивачи на Шкупи и 19 на Левски од Софија за нарушување на јавниот ред и мир – пред и за време на натпреварот, а дел од нив и за физички напад на полициски службеници. Се расчистува случајот и за бугарскиот државјанин кој во Чаир бил прободен со нож

Извор: Принтскрин / 4news.mk

Полицијата вчера уапсила вкупно 21 лице – пред и за време на натпреварот на фудбалските клубови Шкупи од Скопје и Левски од Софија.

Од уапсените,19 биле навивачи на Левски, а двајца на Шкупи. Според Министерството за внатрешни работи, навивачите од Бугарија освен што го нарушиле јавниот ред и мир во Скопје, физички нападнале и полицајци.

„Приведени се 19 навивачи од Република Бугарија, поради нарушување на јавниот ред и мир пред и за време на натпреварот. Од нив, осум лица за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“,

соопшти МВР.

Околу полноќ пак, полицијата уапсила и двајца навивачи на Шкупи. Тие го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

„И тие се приведени и ќе се соочат со законски предвидените поднесоци“,

велат од МВР.

Вчера инцидентите меѓу двете навивачки групи почнаа уште пред да стартува натпреварот. Еден бугарски државјанин беше прободен со нож, по што заврши во болница.

Бугарските медиуми првично известија дека група фанови на Левски ја напуштиле безбедносната зона и се упатиле кон Чаир каде настанала тепачка со навивачките на Шкупи. МВР вели дека се расчистува и овој случај.

„Во врска со физичкиот напад врз четирите бугарски државјани, за кој во 18:38 часот е пријавено дека се случил на ул. ‘Цветан Димов’, при што бил употребен и остар предмет до кој бугарскиот државјанин Д.А. се здобил со тешки телесни повреди, по преземени мерки и активности утврден е идентитетот на поголемиот дел од напаѓачите и се расчистува случајот, по што ќе бидат поднесени пријави. Повредениот Д.А. бил пренесен во ГОБ ‘Св.Наум Охридски’ и е во стабилна состојба“,

информира полицијата.

Видеа од инцидентот се појавија и на социјалните мрежи.

Инаку, натпреварот меѓу Шкупи и Левски беше во рамки на второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Македонскиот фудбалски прволигаш го загуби првиот квалификациски натпревар од бугарски Левски. Натпреварот заврши со резултат 0:2.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватските пожарникари цела ноќ се бореле да спречат ширење на пожарот на Чиово кон објектите

Следно

Руските власти тврдат дека собориле дрон кој целел на Москва

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Буџетските приходи достигнаа 170 милијарди денари, раст од 8,6% во првата половина од годината

6 јули 2026, Скопје – Во првата половина од годината, односно во периодот јануари-јуни, вкупните приходи во Буџетот се реализирани во износ од 170 (поточно 169,9 па ги заокружив) милијарди денари што

Меси на елегантен начин ја демантираше наводната љубовна афера со новинарка!

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Најдобриот фудбалер на сите времиња се чини на елегантен начин ја демантираше наводната љубовна афера. Лео Месио се осврна на гласините за наводна афера со аргентинската спортска новинарка Софи Мартинез. По

Советот на Битола ќе одлучува за нови поволности и проширување на надлежностите на „Паркинзи“

Утре Советот на Општина Битола ќе ја одржи 14-та седница на која на дневен ред ќе се најде решението за давање согласност на Одлуката за проширување на дејноста на Јавното претпријатие за

Судир во Анкара: Солзавец, апсења на протестот пред самитот на НАТО

Турските власти приведоа повеќе од 100 лица кои учествуваа на протестот против НАТО организиран од Комунистичката партија на Турција (ТКП) во Анкара, пред самитот на алијансата во градот следната недела, соопшти ТКП.
Go toTop