Името на Џон Малкович се впишува во богата историја на „Охридско лето“

July 27, 2023
1 min read

На големата сцена на Античкиот театар во Охрид вчеравечер во рамките на 63. „Охридско лето“ настапи славниот американски актер Џон Малкович во театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“.

Брилијантната и долгоочекувана изведба на славниот Малкович предизвика бурни овации и ракоплескање кај публиката и сигурно ќе остане редок настан за паметење кој понуди магичен амбиент и уникатност, збогатувајќи ја реномираната фестивалска историја на „Охридско лето“.  Во авторство и во режија на Михаел Штурмингер, ова несекојдневно уметничко остварување, музички придружено од сопранистките Чен Реис и Сузан Лангбеј и Оркестарот на Виенската академија, ја спои класичната музика со драмската уметност и актерството. 

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ја проследи вчерашната претстава и истакна дека е ова редок спектакл, а впечатоците од сценската изведба кај публиката се незаборавни и тоа очекувано ја потврдува уметничката големина на Малкович преку неговата маестрална глума. Таа упати благодарност до директорката и до тимот на „Охридско лето“ за нивната истрајност и професионализам, доследно да одговорат на предизвикот да се биде домаќин на една од најголемите и најславни светски ѕвезди. 

Пред почетокот на ова психолошка театарска драма, пред публиката се обрати директорката на оваа културна институција, Наташа Поповиќ, која рече дека „Охридско лето“ е поттик, секоја следна година да биде поголемо и позначајно, да се дополнува и да се надградува со нови креативни соѕвездија кои го обележуваат местото на фестивалот како најпрестижна уметничка сцена, но и како препознатлив уметнички симбол насекаде во светот. Поповиќ упати благодарност до Амбасадата на САД во Република Македонија, до Министерството за култура и до сите помагатели на фестивалот за исклучителната можност да уживаат во проектот со светски познатиот актер Џон Малкович. 

Заменик-амбасадорот на САД, Ерик Мејер, кажа дека една од најважните движечки сили на меѓусебната врска на САД и Македонија е  живата улога на културата која ги збогатува нашите заеднички цели.  

− Би сакал да ѝ се заблагодарам на директорката Наташа Поповиќ и да ѝ честитам за прекрасниот фестивал годинава. Ви благодарам за честа и можноста што ми ја дадовте да  најавам  голема симбиоза на два многу важни културни ентитети овде, во Охрид. Од една страна, овој неверојатен Антички театар во кој се наоѓаме, сцената на „Охридско лето“, една од најважните културни знаменитости во Македонија. И од друга страна, американската мегаѕвезда и културна икона, господинот Џон Малкович. Негувањето и зацврстувањето на врските меѓу нашите народи се неопходни за работата што ја вршиме во Американската амбасада, всушност овие врски се толку важни што ги сметаме за столбови на стратегискиот дијалог меѓу САД и Македонија, заедно со регионалната соработка, одбраната и безбедноста, спроведувањето на законите, трговијата, инвестициите и енергијата − истакна Мејер

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Овој јули веројатно ќе биде најтопол во историјата

Следно

Приведени 19 бугарски навивачи: Биле насилни на натпреварот, дел од нив нападнале полицајци

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Гасоводот со Грција напредува, се подготвува поврзувањето со Србија

Изградбата на гасоводот со Грција напредува, паралелно се подготвува интерконекторот со Србија и се спроведуваат технички проверки за ставање во функција на домашните гасоводни делници, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на
Go toTop