133 килограми марихуана чувани во автосервис во Ѓорче Петров – обвинение за четворица членови на едно семејство

July 27, 2023
1 min read

Според Обвинителството, четворицата обвинети организирале пренос на 99 килограми од марихуаната, движејќи се со три автомобили еден зад друг – првото возило со цел да известува за полициски службеници и патроли, второто возило во кое била дрогата и трет автомобил за заштита. По наредба да запрат на улицата „Скупи“, првото возило побегнало, а останатите две полицијата ги сопрела и ги нашла картонските кутии со марихуана. По извршен претрес во автосервисот била пронајдена и останатата количина

архивска фотографија

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против четири лица за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Еден од обвинетите се гони и за кривичното дело меовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Четворицата обвинети, тројца мажи и една жена, се роднински поврзани. Тие во автосервис во Ѓорче Петров, заради продажба, држеле околу 133 килограми марихуана. Од нив, на 2 мај спакувале околу 99 килограми и ги подготвиле за неовластена продажба. Организирале и транспорт, но на улица ги запрела полиција.

„Дрогата во кеси и картонски кутии ја ставиле во автомобил, а остатокот го оставиле во автосервисот. Истиот ден заеднички организирале пренос на марихуаната, движејќи се со три автомобили еден зад друг – првото возило со цел да известува за полициски службеници и патроли, второто возило во кое била дрогата и трет автомобил за заштита. На издадена полициска наредба да запрат на улицата ‘Скупи’, првиот автомобил воопшто не застанал и обвинетиот се дал во бегство. Другите две возила биле веднаш сопрени и при извршен преглед биле пронајдени картонските кутии со дрогата. По извршен претрес во автосервисот била пронајдена и останатата марихуана, но исто така биле пронајдени и четири куршуми муниција кои еден од обвинетите ги држел без дозвола“,

соопшти Обвинителството.

Четворицата добиле мерка притвор, а со поднесувањето на обвинителниот акт, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на притворските мерки бидејќи сè уште постојат законските основи – опасност од бегство и можност да го повторат делото.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дејвид Груш под заклетва повторно изјави дека САД имале контакт со НЛО

Следно

Италија: Продолжува борбата против шумските пожари на Сицилија

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop