Дејвид Груш под заклетва повторно изјави дека САД имале контакт со НЛО

July 27, 2023
1 min read

Груш пред конгресмените од Комитетот за надзор и одговорност изјави дека САД имаат спроведено „повеќедецениска“ програма во која имаат собрано и се обиделе да откријат како работат соборени НЛО.

Освен технологијата, според поранешниот разузнавач САД имаат најдено и „не-човечка“ биологија, иако тој признава дека никогаш немал видено вонземско тело.

Тој тврди дека откако излегол со своите тврдења се соочил со „многу брутален“ одговор, а знае и за случаи во кои „луѓе биле повредени“ во текот на владините напори за криење на информации околу НЛО. На прашањето дали слушнал за некој што е убиен заради ова, Груш одговорил „ги насочив луѓето со такво знаење кон соодветните власти.“

Поранешниот разузнавач одбил да сподели дополнителни детали со конгресмените на сослушување отворено за јавност, и побарал дополнителна средба во поприватна средина (SCIF – sensitive compartmented information facility).

Груш пред Конгресот бил придружен и од пензионираниот морнарички пилот Дејвид Фравор, кој сведочи за една вежба во 2004 над Пацификот во која биле забележани непознати летечки објекти со форма на Тик так како рапидно се спуштаат од 24 километри на 6 километри. Летањето на висина од 24 километри е исклучително тешко заради истенчениот воздух во кој леталото не може да остане долго време освен ако не патува многу брзо. Единствен човечки авион за кој се знае дека може да го направи тоа е СР-71 Блекбрд. Овие авиони се приземјени од 1999, а и леталата фатени на камерите на американските воени авиони не наликуваат ни приближно на Блекбрд.

Сведоците побарале и воспоставување на систем во кој пилотите ќе можат да известат доколку виделе НЛО, и дополнителна заштита за пилотите или свиркачите кои ќе сакаат да објават нови информации.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Севернокорејскиот лидер му се пофали на Шојгу со нуклеарниот арсенал на земјата

Следно

133 килограми марихуана чувани во автосервис во Ѓорче Петров – обвинение за четворица членови на едно семејство

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop