Севернокорејскиот лидер му се пофали на Шојгу со нуклеарниот арсенал на земјата

July 27, 2023
1 min read

Северна Кореја е домаќин на делегации од Русија и Кина кои присуствуваат на одбележувањето на 70-годишнината од примирјето на Корејската војна, повод по кој вообичено во Пјонгјанг се одржува воена парада

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џон Ун, вчера му ги покажа најновите оржуја на земјата на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, кој е во официјална посета на Пјонгјанг, јавуваат светските новински агенции.

Севернокорејскиот лидер Кин Џонг Ун му го презентира воениот арсенал на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу / Фото: EPA-EFE/KCNA ONLY

Меѓу оружјето изложено на презентацијата, била и интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг (ИЦМБ).

Инаку, како што се наведува во медиумските извештаи што ги пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, се верува дека ракетата Хвасонг, која беше успешно тестирана во април, е првата која користи цврсти горива, што ја прави побрза за лансирање од оние на течни горива.

Ракетите со нуклеарен капацитет се забранети согласно резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), вклучитечно и со поддршка на Русија и Кина како постојани членки на Советот, но оваа недела тие беа впечатлива позадина во демонстрацијата на солидарност меѓу трите земји (Русија, Кина и Северна Кореја), обединети во нивното ривалство со Соединетите Американски Држави (САД), пишува Ројтерс.

На презентацијата во чест на посетата на Шојгу биле изложени и два нови дизајни на беспилотни летала, меѓу кои и оној кој наликува на примарниот офанзивен дрон што го користат американските воздухопловни сили, наведува Ен-ка Њуз.

Северна Кореја е домаќин на делегации од Русија и Кина кои присуствуваат на одбележувањето на 70-годишнината од примирјето на Корејската војна, повод по кој вообичено во Пјонјанг се одржува воена парада.

За потсетување, есента 1950 година Пекинг испрати војници за да ја поддржат Северна Кореја во војната против Јужна Кореја. Пјонгјанг во војната ја имаше и поддршката од тогашниот Советски сојуз.

Инаку, средбата меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу се одржа вчера.

Русија и Северна Кореја планираат да ја зајакнат соработката на полето на одбраната, изјави рускиот министер за одбрана по разговорот со севернокорејскиот колега, пренесува Ројтерс.

Фотрографија објавена од официјалната Централна новинска агенција на Северна Кореја (КЦНА) на која е прикажана момент од обраќањето на Шојгу за време на неговиот прием во Пјонјанг / Фото: EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

„Убеден сум дека денешните разговори ќе придонесат за зајакнување на соработката меѓу нашите одбранбени оддели“,

рече Шојгу во соопштението објавено од руското Министерство за одбрана на 26 јули.

Русија е под западни санкции и изолација поради агресијата против соседна Украина што ја започна во февруари 2022 година.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ОН ја осуди „неуставната“ промена на власта во Нигер

Следно

Дејвид Груш под заклетва повторно изјави дека САД имале контакт со НЛО

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за
Go toTop