Над 38 Целзиусови степени измерени во водите на океанот кај Флорида

July 26, 2023
1 min read

МАЈАМИ (АА) – Американските метеоролози објавија дека на 24 јули во округот Манати, на југот од американската сојузна држава Флорида, температурата на водата во океанот изнесувала 38,38 Целзиусови степени, што би можело да биде светски рекорд, известува Анадолу.

„АБЦ њуз“ објави дека експерти на американската Национална управа за океани и атмосфера (НОАА) соопштиле дека зголемувањето на температурата на воздухот во светот влијаело и врз зголемувањето на температурата на океанските води.

Соопштувајќи дека се регистрирани „невидени“ температури со пораст на температурата над сезонските нормали на океаните на брегот на Флорида, експертите сметаат дека можеби е поставен нов глобален рекорд од 38,38 степени, измерен на 24 јули.

НОАА предвидува дека топлотниот бран во северноатлантските океански води ќе се зголемува во текот на цел септември, известувајќи дека зголемувањето на температурата на водата најверојатно ќе продолжи до крајот на годината.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин бил парализиран во првите часови од бунтот на Пригожин

Следно

Напаѓачот на џамијата во Канада осуден на осум години затвор

Latest from Blog

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во
Go toTop