Напаѓачот на џамијата во Канада осуден на осум години затвор

July 26, 2023
1 min read

ТРЕНТОН (АА) – На осум години затвор е осудено лицето што со секира изврши упад во џамија во Торонто и планирало масовно убиство, јавува Анадолу.

Мохамад Моиз Омар со секира и спреј за мечка влегол во исламскиот центар „Дар Ал-Тавхид“ во Мисисага, каде што околу 30 верници вршеле утринска молитва на 19 март 2022 година.

Според судската согласност со претставувањето на фактите, Омар „имал намера да изврши масовно убиство и бил обземен од интензивна омраза и желба да ги заплаши муслиманите“. Тој верувал дека исламот е „нетолерантна и насилна религија“.

На 19 јули Омар се изјаснил за виновен за три обвиненија: користење штетна супстанција (спреј за мечка) со намера да предизвика телесни повреди, напад со оружје и оштетување верски имот. Тој, исто така, се согласил дека нападот претставува терористичка активност. Во моментот на нападот имал 24 години.

За време на сослушувањето на 19 јули имамот на џамијата, Ибрахим Хинди, рече дека нападот бил ужасен.

„Ова не беше случај на некој што има лош ден или епизода поради менталното здравје“, рече Хинди за канадската радиодифузна корпорација.

„Ова беше некој што јасно планирал што да прави и сакаше да ги убие муслиманите“, рече Хинди додавајќи: „Само сум благодарен што верниците успеаја да го спречат пред да може на крајот да повреди некого.“

Верниците што биле собрани можеле да го соборат Омар на подот. Никој не бил посериозно повреден, иако едно лице добило клоци во стомакот, а неколкумина биле испрскани со спреј за мечка. Штетата на џамијата се проценува на 16.000 канадски долари (12.140 американски долари). Омар ѝ кажал на полицијата дека е муслиман, но сега е атеист.

Адвокатот на Омар и обвинителството се договориле за осумгодишна затворска казна на сослушувањето на 19 јули, а вчера се согласил и судијата. Имајќи го предвид времето поминато во притвор, Омар ќе биде затворен нешто повеќе од пет години. Тој ќе има право на условен отпуст за половина од тоа време.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 38 Целзиусови степени измерени во водите на океанот кај Флорида

Следно

Курти: Не може да има избори пред деескалација на ситуацијата на северот на Косово

Latest from Blog

Реал поведе дисциплинска: Валверде и Чуамени може да добијат и „клоца“ од Мадрид

фото: Transfer News Livе (X) Реал Мадрид ќе преземе сериозни санкции по незапаметениот инцидент на своите фудбалери Федерико Валверде и Орелиен Чуамени. Според информациите од Шпанија, Реал Мадрид ќе покрене дисциплинска постапка

Муцунски: Услови за уставни измени нема, Берсе оценува наредок од Бугарија за пресудите од Стразбур

Услови за уставни измени нема Причина за тоа е недостатокот на доверба, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски без да прецизира на која држава се однесува недовребата и кој нема кредибилитет
Go toTop