Вечер со Џон Малкович во претставата „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец” на Античкиот театар во Охрид

July 26, 2023
1 min read

Сцената на Античкиот театар во Охрид вечерва е резервирана за театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец” со светски прославенот актер, сценарист и продуцент, Џон Малкович.

Станува збор за претстава работена според дело и режија на авторот Михаел Штурмингер, во музичка придружба на сопранистите Чен Реис и Сузан Лангбејн и оркестарот на „Виенската академија“.

„Пеколната комедија“ всушност претставува сценска изведба на австрискиот сериски убиец Џек Унтервегер, кој додека е во затвор станува поет и писател, што пак придонесува критиката да го засака, за потоа тој да биде помилуван како „пример за рехабилитација“.

Слободен, Унтервегер станува новинар и баран предавач, но и повеќекратен убиец. Фатен и повторно осуден, си го одзема животот.

Оваа претстава ги спојува Малкович, оркестарот на Виенската академија, како и два прекрасни сопрани Чен Рајс и Сузан  Лангбејн кои преку музика ги отсликуваат бесот, тагата и желбата за освета за жртвите. Според многумина оваа може да се нарече и нов жанр.

Обожавателите на овој познат актер имаат бројни можности за уживање во неговата брилијантна ексцентричност, но целосната чистина се согледува со неговиот настап во „Пеколна комедија“, која е возбудливо дело на театарот.

„Пеколна комедија“ може да се гледа и како предупредување и како опомена, Од една страна општеството на Унтервегер му се додворува и го слави и покрај тоа што сторил ужасни работи. Од друга страна го поставува прашањето: зошто на еден убиец би му била овозможена привилегијата на помилување. Гледајќи од друг аспект концептот на рехабилитација како таков е важен и суштински дел на моралните вредности. Но сепак,  не може да се види како некој може да ги искупи гревовите за насила одземените животи. Па според тоа делото можеби зборува повеќе за општеството отколку за самиот Унтервегер.

Џон Гавин Малкович  е американски глумец, продуцент и режисер. Роден е на 9 декември 1953 година во Кристофер, (Илиноис). Неговите дедо и баба по таткова линија биле Хрвати, со потекло од Озаљ, кај Карловац, Хрватска, а мајка му имала шкотско и германско потекло.

Малкович најпрво се прославил на театарската сцена, а во 1999 година се игра себеси во филмот „Да се биде Џон Малкович“.  Во својата кариера, тој имал две номинации за наградата „Оскар“, и тоа за улогите во филмовите „Места во срцето“ и „На линијата на огнот“ како и номинации за награда од Британската филмска академија и три номинации за наградата „Златен глобус“. Има настапувано во повеќе од 70 филмови.

Почетокот на претставата е предвиден за од 21 часот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Јапонците регистрираат најголемо намалување на населението

Следно

Путин бил парализиран во првите часови од бунтот на Пригожин

Latest from Blog

Ѓурѓај: На Конгресот на ФУЕН ќе бараме унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 69. Конгрес на

Меџити: Акредитирани лаборатории го мерат воздухот по пожарот во Трубарево

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на прес-конференција рече дека фирмата во која настана пожар во Трубарево имала важечка дозвола за рециклирање на отпад, и дека се мери

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш
Go toTop