(ФОТО+ВИДЕО) Повеќе од 50 кита се насукаа и пцовисаа на брег во Австралија

July 26, 2023
1 min read

Пред десетина дена сличен случај имаше и во Шкотска каде што пцовисаа 55 кита, кои исто така се насукаа во близина на плажа

Фото: EPA-EFE/WA DBCA

Повеќе од 50 кита пцовисаа неколку часа откако се насукаа на брег во Западна Австралија.

Плажата се наоѓа на околу 400 километри југоисточно од Перт, а вкупниот број на китови кои се насукале бил околу 100.

„За жал, 51 кит пцовисаа во текот на ноќта по масовно насукување“,

соопшти Службата за паркови и диви животни на Западна Австралија.

Фото: EPA-EFE/WA DBCA

Оттаму соопштија дека заедно со волонтери работат да ги спасат останатите китови кои преживеале. Од Службата побараа и од граѓаните да не доаѓаат на плажата бидејќи имаат доволен број волонтери.

Апелот го испраќаат предупредувајќи на низа опасности, како што се присуство на големи и вознемирени китови, потенцијално болни китови, како и присуство на ајкули.

Пред десетина дена сличен случај имаше и во Шкотска каде што пцовисаа 55 кита, кои исто така се насукаа во близина на плажа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четири лица загинаа во шумските пожари во јужните региони на Италија

Следно

Гвардиола: Се надеваме дека Вокер ќе остане во Сити

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop