ВИДЕО: Меси постигна гол против 100-тиот клуб во кариерата

July 26, 2023
1 min read

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси беше двоен стрелец ноќеска во Форт Лодердејл на натпреварот од 2. коло од Лига купот против Атланта (4:0). Триесет и шестгодишниот Аргентинец постигна гол против 100 различни клубови во својата кариера.

Претседателот на Интер Мајами: „Фудбалот во САД ќе биде поделен на пред и по доаѓањето на Меси“.

Претседателот на Интер Мајами и ко-сопственик Хорхе Мас верува дека доаѓањето на Меси ќе има големо влијание врз фудбалот во САД.

-Фудбалот во САД ќе биде поделен на пред и по доаѓањето на Меси, изјави Мас.

Меси дојде во Интер Мајами на 15 јули, приклучувајќи се на слободен трансфер од ПСЖ. Договорот на напаѓачот е пресметан до крајот на декември 2025 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кварацхелија потпишува нов договор со Наполи

Следно

Шведско МНР: Шведска работи на тоа да не се повтори непочитувањето на Куранот

Latest from Blog

(ВИДЕО) Патниците со позитивни впечатоци: Градскиот воз доби пофалби за брзината и услугата

Брзината на патувањето и услугата се причините за задоволството на патниците кои го користат градскиот воз, според нивните одговори во видеото објавено на фејсбук-каналот „Да те прашам нешто“. Во видеото, граѓаните одговараат

Илија Димовски побара признавање на Македонците во Бугарија – жестока дебата со Андреј Ковачев на ФБ

Честитката на Илија Димовски по повод 11 Октомври предизвика остра расправа на Фејсбук со Андреј Ковачев, во која се отворија прашањата за македонскиот идентитет, историското наследство и признавањето на Македонците во Бугарија.
Go toTop