Маск ја врати титулата на најбогат човек на светот неколку часа откако го лансираше ребрендингот на Твитер

July 25, 2023
1 min read

Неколку часа пред да се врати на првото место на листата на милијардери, тој го објави ребрендирањето на Твитер, заменувајќи ја познатата сина птица со ново лого „Х“

Илон Маск ја врати титулата на најбогат човек на светот само неколку часа откако го лансираше новиот ребрендинг на Твитер, со кој култната сина птица од логото ја замени со „Икс“ (Х).

Photo: EPA-EFE/BRITTA PEDERSEN / POOL

На 24 јули „Форбс“ објави дека Маск е повторно на првото место на листата на милијардери, со проценка дека неговото нето богатство во понеделникот се зголемило за уште 4,1 милијарди долари, достигнувајќи вкупно нето богатство од 240,7 милијарди долари.

„Зголемувањето на вредноста доаѓа откако акциите на Тесла се искачија за повеќе од 2,5 отсто во понеделникот наутро“,

се наведува во објавата на „Форбс“.

Маск накратко се спушти од првото место на листата во петокот, откако акциите на Тесла паднаа за речиси 10 отсто, што предизвика неговата нето вредност да се намали за 18 милијарди долари.

Неколку часа пред да се врати на првото место на листата на милијардери, тој го објави ребрендирањето на Твитер, заменувајќи ја познатата сина птица со ново лого X. Извршната директорка на Твитер, Линда Јакарино, најави дека промената на логото е дел од планот на компанијата да трасформира „сè“ на апликацијата.

Интернет-адресата на социјалната мрежа сè уште е twitter.com, но наскоро треба да се смени во x.com. Објавите на социјалната мрежа, пак, наместо „твитови“, сега ќе се нарекуваат „иксови“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тотенхем ја најде замената за Кејн

Следно

Силен земјотрес во централна Турција

Latest from Blog

Тоневски: Со инвестиција од 11 милиони денари се обновува улицата „Јаким Стојковски“

Реконструкцијата на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип се одвива со засилено темпо, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, деновиве е поставен нов асфалтен слој на поголемиот дел од предвидената делница,

Берзански пресек: МБИ10 во благ пораст, промет од речиси 7 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 31.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.293,43 поени. Во

ФИФА го зголеми „поткупот“: По 86 милиони долари за секој кој ќе гласа за „приватно Светско“!

ФИФА продолжува со забрзаното лансирање на новата подружница на Светското првенство, позната како ФИФА Форвард Ентерпрајз (ФФЕ) и покрај реакциите на светските асоцијации. Според „Скај Њуз“ управното тело на светскиот фудбал има

ВИДЕО | 49.000 МИГРАНТИ ЗА 24 ЧАСА – Сеута се соочи со невиден бран од Мароко

Речиси 49.000 мигратни пристигнале во шпанската северноафриканска енклава Сеута од Мароко во изминатите 24 часа, според проценките на локалните власти. Масовниот прилив предизвикал голем притисок врз граничните служби, откако илјадници луѓе ја

Управниот одбор на ПИОМ го усвои полугодишниот извештај за работата на Фондот

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 36 седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година. Директорот на фондот
Go toTop