Лажна е веста дека по предлог на партијата на Петков бугарскиот парламент ќе гласа декларација за Илинден

July 23, 2023
2 mins read

Според деловникот на бугарското собрание, секоја пратеничка група, пред формалниот почеток на седницата има можност, односно има право, во рамките на својот политички интерес, да даде усна изјава (декларација) во траење од неколку минути. Тоа во превод на македонски јазик значи да изнесат став, да се обратат пред колегите со свои видувања за одреден настан, за одредена тема или случување

Не се работи за декларација како писмен документ, како акт за кој се гласа, туку за изјава, обраќање на еден пратеник или парламентарна група, без никакви консеквенци, освен за политички профит на тие што ја даваат

Повеќе македонски медиуми (до моментов на „time.mk“ има нишка од дури 29 текстови) и политички партии вчера и денеска пренесуваат информација дека наредните денови во бугарскиот парламент ќе се гласа Декларација за Илинденското-Преображенско востание предложена од пратеничката група на Продолжуваме со промените (ПП) на поранешниот премиер Кирил Петков.

Оваа информација е неточна, односно станува збор за лажна вест, дезинформација.

„360 степени“ ја следеше и информираше за последната седница на бугарскиот парламент која се одржа пред три дена, на 20 јули.

Според деловникот на бугарското собрание, секоја пратеничка група, пред формалниот почеток на седницата има можност, односно има право, во рамките на својот политички интерес, да даде усна изјава (декларација) во траење од неколку минути. Тоа во превод на македонски јазик значи да изнесат став, да се обратат пред колегите со свои видувања за одреден настан, за одредена тема или случување. Не се работи за декларација како писмен документ, како акт за кој се гласа, туку за изјава, обраќање на еден пратеник или парламентарна група, без никакви консеквенци, освен за политички профит на тие што ја даваат.

Честопати, таа востановена практика се користи за коментирање на активностите на опонентите, но неретко, во денови кога се чествуваат празници или се одбележуваат значајни имиња од историјата, се даваат „декларации“ со пригодна нота.

Бугарија, како и Македонија го празнува Илинден. За разлика од нас, тие овој празник, кој го нарекуваат Ден на Илинденското преображенско востание го одбележуваат на 20 јули (по стариот календар). Токму истиот ден се одржуваше седница на парламентот (на овој линк е видеото од директниот пренос на седницата).

Двајца пратеници од владејачката коалиција, едниот од ПП на Петков, другиот од партијата ГЕРБ на Борисов, се пријавија за да дадат „декларација“. И двајцата говореа за Илинден. И двајцата користеа вообичаена, стандардна реторика кога станува збор за начинот на кој во Бугарија се гледа на карактерот на востанието и на учесниците во неговата подготовка и реализација. И сè веројатно ќе поминеше незабележано, редовно, ако по нивните излагања за збор не се јавеше и пратеникот Ташко Јорданов, член на партијата ИТН на Славо Трифунов.

Тој ги обвини и двете партии дека се лицемерни нивните обиди да заработат ситни политички поени претставувајќи се како големи патриоти, а всушност се национални предавници, бидејќи токму тие го симнале ветото кон Македонија, без да ги заштитат бугарските интереси.

„Многу е лицемерно на вакви денови да се кажуваат вакви зборови од политички партии кои се однесуваат сосема спротивно од тоа што го говорат. Ниту оваа сегашнава Преговарачка рамка ќе ја немаше да не бевме ние од ИТН. Вие бевте подготвени да го симнете ветото без никакви услови. Затоа, не чукајте се в гради и не правете се патриоти бидејќи не сте. Вие немате поим што се случило на Илинденско-преображенското востание. Најголем дел од вас ниту во главите не сте Бугари. Такви се, на пример, канаѓанецот Кирил Петков, неговата Весела Чернева, па можеби и целата ваша пратеничка група“,

рече во својата „декларација“ Ташко Јорданов од ИТН.

Со изјавата на Јорданов заврши и делот во кој пратениците имаат можност да дадат усна изјава (декларација) пред почетокот на секоја седница на бугарскиот парламент.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Баерн ја зголеми понудата за Кејн на 100 милиони евра за Кејн

Следно

Пожарот на Родос сè уште активен, превентивно евакурирани над 19 000 туристи и локалци

Latest from Blog

30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен, Министерството ги повикува граѓаните да ја искористат можноста

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е

Хорор во Белгија: Фудбалер ограбен, а неговиот колега сними се (ВИДЕО)

Светот станува сериозно небезбедносно место. Кој би рекол дека ќе дојде време среде Брисел, белгиската престолнина во сред бел ден, професионален фудбалер во случајов на тимот на Ројал Унион да биде извлечен

Се зголемува бројот на загинаа во земјотресот што го погоди југозападниот дел на Јапонија

Според Премиерот Санае Такаичи, во земјотресот досега загинале 13 лица , тој воедно истакна дека спасувачите се во „трка со времето“. Спасувачките напори се во тек во трговски центар каде што многу

Делови од Скопје денес без вода и струја

Делови од Скопје денес (29 јули) ќе останат без водоснабдување и електрична енергија поради закажани интервенции на водоводната и електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известувањата

Се огласи и Блатер: Инфантино многу се дружи со Трамп, никој нема право да ја продава нашата игра!

Поранешниот претседател на ФИФА Јозеф Блатер, кој долги години беше на претседателското столче во Светската куќа на фудбалот, се јави со коментар по шокантните најави дека ФИФА има план да продадва удели
Go toTop