Бугарија го испраќа првиот пакет тешка воена опрема во Украина од почетокот на инвазијата

July 22, 2023
1 min read

Одлуката била донесена доцна вечерта на 22 јули во парламентот во Софија. Владиниот предлог за испраќање на првата пратка тешка воена опрема во Украина ја поддржале 148 пратеника, а 52 гласале „против“. Асошиејтед прес го опиша потегот како пресврт во политиката на Бугарија

Бугарија се согласи да обезбеди околу 100 оклопни возила во Украина, што е прва испорака на тешка воена опрема од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, објави Асошиејтед прес (АП).

Агенцијата го опиша потегот како пресврт во политиката на Бугарија.

Одлуката била донесена доцна вечерта на 22 јули во парламентот во Софија. Владиниот предлог за испраќање на првата пратка тешка воена опрема во Украина ја поддржале 148 пратеника, а 52 гласале „против“.

Парламентот на Бугарија Фото: Архива

„Оваа опрема повеќе не е неопходна за потребите на Бугарија и може да биде сериозна поддршка за Украина во нејзината битка за зачувување на независноста и територијалниот интегритет на земјата по неоправданата и неиспровоцирана руска агресија“,

се вели во одлуката на парламентот на Бугарија.

Оклопните возила од советско производство беа испорачани во 1980-ите во Бугарија кога земјата тогаш беше сојузник на Советскиот Сојуз во Варшавскиот пакт.

На почетокот на јули годинава, украинскиот претседател Володимир Зеленски беше во посета на Бугарија каде се сретна со претседателот Румен Радев.

Воената помош за Украина беше водечка тема за време на разговорите, а средбата меѓу двајцата претседатели тогаш медиумите ја оценија за тензична со оглед на тоа што шефот на државата и врховен командант на бугарската армија, Румен Радев, се противи на секој обид неговата земја да ѝ додели воена помош на Украина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ал Хилал ги сака Мбапе и Кејн во нападот

Следно

Роналдо сам си направи сериозен проблем кој може да го чини милиони eвра (ФОТО)

Latest from Blog

ПСЖ се засили со репрезентативец на Франција!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до

Драма на Преспанското Езеро, 71-годишен рибар исчезна во водата, го бараат нуркачи од „Тигар“

Седумдесет и едногодишен скопјанец исчезнал вчера во водите на Преспанското Езеро, откако скокнал од чамец за да ги земе веслата кои му паднале во водата. Како што информира МВР, случајот бил пријавен

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до
Go toTop