(ФОТО+ВИДЕО) Србија: Невремето повторно го затвори аеродромот во Белград, падна кран во Нови Сад

July 21, 2023
1 min read

Во Хрватска, пак, невремето предизвика материјална штета, а целосно беше уништен камп во Новиград каде, според првичните информации, полесно се повредени шест лица

Силното невреме од Хрватска и денеска се префрли во Србија. Меѓу првите на удар беа местата блиску српско-хрватската граница, како што се Апатин и Сомбор каде паѓаше дожд проследен со ветар.

Во Сомбор паднало и дрво на улица, но за среќа нема повредени.

Невремето бргу зафати поголем дел од Војводина меѓу кои и Нови Сад каде врнежите од дожд беа пропратени со силен ветар и грмотевици. Во градот, како што пренесува „Нова.рс“, имало искршени гранки од дрвја, а на едно градилиште паднал и кран.

Во градот паднало и старо дрво кое за заштитен споменик на природата, објави „Радио 021“.

Не беше заобиколен ниту Белград, каде според РТС, аеродромот „Никола Тесла“ привремено е затворен.

Според извештаите во српските медиуми, невремето во главниот град почнало после 20 часот. Според претходните најави од Републичкиот хидрометеоролошки завод, очекувањата се во Белград да биде критично околу два часа кога се очекува врнежите да бидат проследени со грмотевици, силен ветар. Надлежните предупредија дека можно е да биде предизвикана материјална штета, но и да биде загрозена безбедноста на луѓето и животните.

Претходно во Хрватска невремето повторно остави пустош. Имаше црвен аларм на предупредување во дури пет региони. Прво беа погодени Истра и Кварнер, а потоа беше зафатена и внатрешноста на државата вклучително и Загреб. Во Новиград целосно е уништен автокамп каде десетици граници паднале врз приколките. Според првичните информации полесно се повредени шест лица.

Принтскрин ХРТ/читатели

И Хрватска и Србија, но и останатите земји од регионот пред два дена исто така беа погодени од невреме кое беше и смртоносно. Во Хрватска имаше четворица загинати, додека по една жртва беше регистрирана во Словенија и Босна и Херцеговина.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Халанд наполни 23 години, доби торта од Грилиш (ВИДЕО)

Следно

Не се исполни желбата на Трамп: Судењето ќе му почне во мај 2024 година

Latest from Blog

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе
Go toTop