Пожарите околу Атина повторно активни, гори и на Родос и на Пелопонез

July 21, 2023
1 min read

Според информациите што ги пренесуваат грчките медиуми, досега е изгорена површина од 9 400 хектари, од кои 60 отсто се во рамките на општината Мандра, додека во западна Атика и Коринт се оштетени или уништени над 100 објекти

ФОТО: EPA-EFE/VASILIS PSOMAS

Ситуацијата со пожарите што вчера попладне се разгореа во западниот дела на областа Атика, поширокиот регион на Атина и на островот Родос денеска е подобрена. Локалните противпожарни служби соопштија дека до разгорувањето на пожарите е дојдено поради сè посилните ветрови.

Пожарот што гори во Атика, четврти ден по ред, доведе до евакуација на населението и предизвика поголемо уништување на имотот.

Според информациите што ги пренесуваат грчките медиуми, досега е изгорена површина од 9 400 хектари, од кои 60 отсто се во рамките на општината Мандра, додека во западна Атика и Коринт се оштетени или уништени над 100 објекти.

И покрај мобилизацијата на дополнителни ресурси – во одреден момент, 11 противпожарни авиони и исто толку хеликоптери, вклучително и четири испратени од Франција и Италија, интервенирале во областа, но според пожарникарите високите температури придонеле гаснењето со вода да биде неефикасно.

Она што, според Противпожарната служба, е загрижувачко е пожарот пред селото Стефани кој ако се движи кон исток би ја загрозил целата Национална шума на планината Парнита.

Промената на правецот на ветрот, кој не бил особено силен, оживеа друг пожар блиску до градот Мандра, на околу 10 километри југозападно од Стефани. По разгорувањето на овој пожар, преку СМС од бројот за итни случаи 112 до жителите на три села северозападно од Мандра испратена е порака да се евакуираат кон север, во градот Оинои во Атика, а еден час подоцна со нова порака повикана е евакуација и на градот Оинои, кон градот Еритрес, на северозапад.

Пожар има и на островот Родос каде со огнените јазици се справуваат 102 пожарникари со четири авиони и два хеликоптери, додека пак на Пелопонез, во пожарот што избувна вчера интервенираат 52 пожарникари со 15 возила и четири авиони.

Грчките противпожарни власти претходно предупредија дека може да имаат нови проблеми со пожарите поради тоа што овие два дена во земјата се очекува нов топлотен бран, проследен со температури над 40 Целзиусови степени.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис синоќа го посети Координативниот центар за операции и управување со кризи, каде што се информираше за ситуацијата  со пожарите во земјата и акциите за гаснење.

Од неговиот кабинет велат дека со оглед на тоа што во следните денови ќе има екстремно високи температури во повеќе делови на Грција, што создава услови за нови пожари или повторно разгорување на постоечките, Мицотакис е во комуникација со негови колегите со цел да се обезбеди меѓународна помош  доколку биде потребно.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Евертон му „краде“ потенцијално засилување на Милан

Следно

Генералниот секретар на ОН, Гутереш, се сретна со израелскиот претседател Херцог

Latest from Blog

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени
Go toTop