Генералниот секретар на ОН, Гутереш, се сретна со израелскиот претседател Херцог

July 21, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, се сретна со израелскиот претседател Исак Херцог, јавува Анадолу.

Канцеларијата на портпаролот на ОН соопшти дека тие се сретнале во зградата на ОН во Њујорк.

Гутереш ја повтори поддршката за решението за две држави и нагласи дека треба да се избегнуваат чекори што ќе го поткопаат овој процес.

„Генералниот секретар ги осуди сите акти на тероризам и нагласи дека антитерористичките операции мора да се спроведат во согласност со меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права“, се наведува во соопштението.

Гутереш ги осуди сите форми на антисемитизам.

Херцог дојде во Њујорк по средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон, каде што беше во официјална посета.

Хасидските Евреи во Њујорк одржаа протест за време на средбата на Херцог со градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.

Собрани во Градското собрание, демонстрантите развеаја транспаренти со пораки како: „Слободна Палестина“, „Библијата бара цела Палестина да биде под палестински суверенитет“, „Јудаизмот го отфрла ционизмот“ и „Херцог не е добредојден овде“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пожарите околу Атина повторно активни, гори и на Родос и на Пелопонез

Следно

ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО ДОМОТ НА ГОЛМАНОТ НА ПСЖ – Донарума и неговата девојка соблечени голи, а тоа што го направиле потоа крадците е шокантно!

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп горд на своите ученици – тие се амбасадори на знаењето

Градоначалникот на Прилеп, Проданоски, истакна дека младите и нивните успеси се најсилната потврда за квалитетот, трудот и посветеноста во образованието. „Нашите ученици се нашата најголема гордост и најсилна потврда дека знаењето, трудот

Димитриеска-Кочоска: Владата инвестира во проекти што носат долгорочни резултати

26 јуни 2026 година, Скопје– Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи

Нови правила во Брисел – ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ТУРКААТ „МЕМБЕРШИП-ЛАЈТ“

Европската комисија подготвува нов план за „постепена интеграција“, со кој на земјите-кандидати ќе им се овозможат економски придобивки пред тие официјално да влезат во ЕУ, пишува „Политико“. Целта на Брисел е да
Go toTop