Исмет Гури заврши во притвор

July 19, 2023
1 min read

Во притвор одат уште двајца осомничени, а истата мерка ја доби уште едно лице кое е недостапно. За него, притворот ќе важи од денот на пронаоѓање

Исмет Гури / Фотоархива: Тв Алсат

Исмет Гури од ДУИ и уште двајца осомничени во денеска отворената истрага за даночни измами одат во затворот во Шуто Оризари на издржување на мерка притвор.

Од Основниот кривичен суд Скопје, како што потврдија за „360 степени“, бил прифател предлогот за определување притвор за тројца од осомничените, а истата мерка е определна за уште еден осомничен по кого се трага. За него притворот ќе стапи на сила од денот на пронаоѓање.

Притворот е определен бидејќи Кривичен смета дека се оправдани основите по кои обвинителството бараше притвор, а тоа се опасност од бегство, како и опасност од скривање, фалсификување или уништување на граги и опасност од влијание врз сведоци со што би можела да се попречи истрагата.

За останатите осомничени, пак, ОЈО ГОКК бараше поблаги мерки за обезбедување присуство.

Истрагата поврзана со даночни измами утрово ја отвори Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и во неа се осомничени вкупно 15 лица, меѓу кои партиски членови на ДУИ, бизнисмени и инспектори од Управата з ајавни приходи (УЈП), а се товарат за повеќе кривични дела како злосторничко здружување, даночна измама и перење пари.

Гури, кој е заменик-управник во УЈП, е третоосомничен, а со истрагата е опфатен и неговиот син.

Повеќе детали за случајот може да прочитате ТУКА.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зошто Камчев се најде на „црната листа“ на САД: Интензивно се занимава со корупција вклучително и перење пари од раните 2000-ти

Следно

Невремето што направи хаос во Словенија и во Хрватска, доаѓа и во Србија: Издадено предупредување да не се излегува надвор

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop