„Ќе бидам важен дел од ПСЖ, но само ако си заминат Мбапе и Нејмар“

July 18, 2023
1 min read

Младиот холандски фудбалер Чави Симонс е голем талент кој потекнува од школата на Барселона. Тој никогаш не доби шанса за настап во првиот тим на каталонците, а потоа настапуваше и за младинците на ПСЖ.

Професионалната етапа од кариерата ја започна откако замина во ПСВ Ајндховен и таму вистински блесна, затоа што одигра 34 натпревари на кои постигна 19 голови. Одличните настапи во холандскиот тим одново го привлекоа вниманието на „светците“ од Париз, кои решија да ја искористат клаузулата и да го вратат кај себе за сума од само шест милиони евра.

20-годишниот офанзивец очајно посакува да има голема минутажа во било кој клуб каде ќе настапува, а тоа сè уште не му е загарантирано кај францускиот првак, по што младиот фудбалер даде многу интересна изјава за тамошните медиуми.

„Имам само една желба, а таа е постојано да играм. Знам дека овде тимот е полн со ѕвезди, но сметам дека јас ќе добијам вистинска шанса само ако од Париз си заминат Мбапе и Нејмар. Мислам дека нивното време во ПСЖ полека завршува. Мојот сон е да бидам важен дел од ПСЖ, но и самите сфаќате дека тоа не зависи само од мене.

Доколку клубот го исполни планот за подмалдување на тимот кој нема да има огромни ѕвезди, јас сосема компактно би се придодал на оваа прекрасна екипа. ПСЖ е огромен клуб и за мене е огромна чест што сум повторно во Париз, но ако немам минутажа, ќе си заминам уште во јануари“, изјави Симонс.

Интересно е тоа што во договорот со ПСЖ, Симонс има клаузула која му гарантира слободен премин во друг клуб, доколку во текот на сезоната не забележи барем 20 официјални настапи за „светците“. Тој има отворени понуди од РБ Лајпциг и Борусија Дортмунд, па ништо чудно да замине на позајмица во еден од овие клубови, доколку ПСЖ не му даде соодветна шанса сезонава.

Чави Симонс ги мина сите младински репрезентации на Холандија, а веќе има забележано и пет настапи за сениорскиот тим на „лалињата“. Тој се смета за еден од најголемите таленти од неговата генерација.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

При пад на мал авион загинаа 5, а повредени се 8 лица во Полска

Следно

МНТ со претставата „Народен непријател“ вечерва на Меѓународниот театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват

Latest from Blog

Пресврт: Сепак ништо од предавањето на оружјето?

Палестинското милитантно движење Хамас успеа да отстрани од својот предложен план за преминување во втората фаза од планот за Газа формулирања што би можеле да се протолкуваат како барање за предавање на

Попладнево итно опериран Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, попладнево итно е опериран во Клиничката болница „Систина“ дознава 24инфо. Според првичните информации, станува збор за оперативен зафат поврзан со карцином. Повеќе детали за неговата

Барана стока за време на Мундијалот…. Мексико заплени три тони кокаин

Очигледно дека огромниот број на туристи односно навивачи кои што пристигнаа во Мексико, САД и Канада по повод Мундијалот, потикнаа многу бизниси, легални но очигледно и нелегални. Мексиканската полиција соопшти дека за

Мицкоски: Ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на
Go toTop